Марија Шерифовиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Марија Шерифовиќ
Remove ads

Марија Шерифовиќ (српски: Марија Шерифовић) (р. 14 ноември 1984) е српска пејачка која се прослави со победата на Евровизија 2007.

Кратки факти Марија Шерифовиќ, Основни податоци ...
Remove ads

Животопис

Родена е во Крагуевац, Србија. Нејзината мајка, Верица Шерифовиќ, е исто така пејачка која е од српско и ромско потекло. Нејзиниот татко, Рајко, е од турско потекло.

Музичка кариера

Албуми

Нејзиниот прв албум е „Нај, најбоља“, издаден во 2003 година, и бил многу добро прифатен. Најголем хит од овој албум била песната „Знај да знам“ компонирана од Дарко Димитров. Летото 2005, таа го издаде синглот „Агонија“, кој бил верзија на грчката супер ѕвезда Деспина Ванди (I Believe It).

Нејзиниот втор албум е „Без љубави“, издаден во 2006, и бил многу успешен. На почетокот на 2007, таа го издаде вториот сингл наречен „Без тебе“. На 28 јуни 2007 таа го издаде албумот наречен „Најдоброто од Марија Шерифовиќ“.

Фестивали

Во 2003, таа настапи на Будва фестивалот со песната „Горка чоколада“, повторно од Дарко Димитров. Во 2004, таа беше дел од истиот фестивал со песната „Бол до лудила“ и зема прва награда.

Концерти

На 21 февруари 2007, Марија Шерифовиќ го одржа својот прв соло концерт во белградската сала Сава Центар, што се смета за голем хит на српската музичка сцена. 4,000 луѓе беа присутни.

Remove ads

Надворешни врски

Видеографија

Повеќе информации Спот, Година ...


Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads