Маријци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Маријци (мариски: мари) — угрофински народ, кој традиционално живее покрај реките Волга и Кама во Русија. Половина од мариското население живее во руската република Мариј Ел, а добар дел има и во руските републики Башкортостан и Татарстан. Порани во Русија народот го нарекувале како Черемиси.
Маријците се делат на три подгрупи, односно: ливадски Маријци или низински Маријци, кои живеат покрај левиот брег на реката Волга, потоа планински Маријци, кои живеат покрај десниот брег на реката Волга и источни Маријци, кои живеат во Башкортостан. Според пописот од 2002 година, во Русија имало 604,298 Маријци, од кои 18,515 планински Маријци и 56,119 источни Маријци. Скоро 60% од Маријците живеат во руралните средини.[7]

Remove ads
Јазик
Мајчин јазик на Маријците е марискиот јазик. Марискиот јазик е дел од група на уралски јазици. Денес јазикот се пишува на кирилица. Јазичарите препознаваат четири различни дијалекти на марискиот:
- планинско-мариски дијалект - се зборува покрај десниот брег на Волга,
- низинско-мариски дијалект - се зборува покрај левиот брег на Волга и реката Кокшага,
- источномариски дијалект - се зборува источно од реката Вјатка
Според пописот од 2002 година, 451,033 луѓе изјавиле дека зборуваат мариски.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads