Марковени
село во Костурско, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марковени или Марковјани (грчки: Αμπελοχώρι, Амбелохори; до 1927 г. Μαρκόβιανη, Марковјани,[2] 1927-1950 г. Μαρκοχώρι, Маркохори[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите во селото живееле Македонци од христијанска и исламска вероисповед, а денес е македонско-грчко село.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 5 км јужно од Рупишта, на десниот брег на реката Бистрица.
Историја
Во Отоманското Царство
Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Марковани со 25 христијански семејства.[3] На крајот од XIX век Марковени било чисто македонско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Марковени имало 194 жители, сите Македонци.[4][5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Марковени е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 12 куќи.[6]
На почетокот на XX век целото население на Марковени било под врховенството на Цариградската патријаршија. Грчките статистики од 1905 г. велат дека Марковјани имало 140 жители.[7]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Марковени (Μαρκόβενι) во 1910 г. имало 30 семејства, од кои 3⁄4 биле македонојазични муслимани, а 1⁄4 македонојазични христијани.[8]
Според Георги Константинов Бистрицки Марковени пред Балканските војни се состоело од 35 македонски куќи — 20 христијански и 10 муслимански.[4][9] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Марковени има 7 куќи на Македонци христијани и 14 куќи на „Турци“ (впрочем Македонци-муслимани).[10] Тодор Симовски ја порекнува превалентноста на муслиманското население, тврдејќи дека христијаните секогаш биле побројни.[11]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска, и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 178 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 119.[11]
Во 1922 г. муслиманското население на селото е иселено по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени 59 Грци.[11]
Селото традиционално произведува градинарски култури и жито.[11]
Марковени не настрадало во Граѓанската војна (1946-1949).[11]
Во 1928 г. селото е преименувано во Маркохорион, но во 1950 г. го добило новото име Амбелохори, во превод лозово село.[12] Таа година имало 135 жители.[11]
Црквата на селото е „Св. Спиридон“.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads