Марк Шпиц

From Wikipedia, the free encyclopedia

Марк Шпиц
Remove ads

Марк Ендрју Шпиц (роден на 10 февруари 1950, во Модест, Калифорнија, САД) е поранешен американски пливач и освојувач на 7 златни медали на Летните олимписки игри одржани во Минхен во 1972 година. Исто така, тој е еден од четворицата спортисти со 9 златни медали од Олимписките игри (заедно со Паво Нурми, Лариса Латинина и Карл Луис), а само зад Мајкл Фелпс со 14 освоени златни медали. Марк, исто така, е и поставувач на 23 светски рекорди во спринтерските дисциплини во слободен стил и делфин. Тој никогаш не бил светски првак, а кариерата ја завршил во 1973 година.

Thumb
Марк Шпиц во 2008

Својот голем талент овој натпреварувач го покажал уште на игрите 1968 во Град Мексико каде со само 18 години освоил 2 златни медали. На игрите, тој бил предводен од силниот американски пливачки тим и од нивниот најдобар пливач кој бил стимул и за другите Дон Сколандер кој на игрите 1964 во Токио освоил 4 златни медали. На овие игри Шпиц најавувакл освојување на 5 златни медали, но освоил само 2 и тоа во штафетите 4x100m слободно и 4х200m слободно. Освоил и сребро на 100m делфин и бронза на 100m слободно, додека во финалната трка на 200m делфин целосно потфрлил освојувајќи го само разочарувачкото осмо место.

На игрите 4 години подоцна, 1972 во Минхен, за Марк се отворила нова страница во кариерата. Впрочем, Марк Шпиц на овие игри освоил 7 златни медали во колку и дисциплини настапил (100m делфин, 100m слободен стил, 200m делфин, 200m слободен стил, штафета 4х100m слободен стил, штафета 4х200m слободен стил и штафета 4х100m мешано). Од овие дисциплини, последен златен медал Шпиц освоил како дел од штафетата на САД на 4х200m мешано на 4 септември. Веднаш по овој подвиг, тој бил принуден да го напушти Олимпиското село, бидејќи е Евреин (татко му е Евреин, а мајка му Порториканка).

20 години по својот најголем успех, Марк Шпиц имал смешен обид да се квалификува за Летните олимписки игри - 1992 одржани во Барселона, но се разбира не успеал.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads