Порторико

From Wikipedia, the free encyclopedia

Порторико
Remove ads

Порторико (англиски и шпански: Puerto Rico, „Пуерто Рико“ = „богато пристаниште“) — остров во Карипското Море и територија на САД со комонвелтски статус. Островот е најмал од Големите Антили и се наоѓа источно од Доминиканската Република, а западно од Девствените Острови. Главен град е Сан Хуан.

Кратки факти Државна заедница Порторико Estado Libre Asociado de Puerto Rico (шпански)Commonwealth of Puerto Rico (англиски), Службен јазик ...

Порторико има свој устав и своја законодавна, извршна и судска власт. Врската со САД е преку заедничко државјанство, валута и одбрана.

На 6 ноември 2012 година во Порторико се одржал референдум за политичката состојба на оваа територија. Имено, населението избирало дали Порторико да остане територија на САД, да стане 51 држава на САД или да стане независна држава во слободна соработка со САД. Според резултатите, мнозинството население одлучило Порторико да стане 51 држава на САД, за што се чека потврда од Конгресот на САД.

Remove ads

Етимологија

Порторико на шпански значи „богато пристаниште“. Оригиналното име на островот е Борикен, име кое го користелен Таиноанците и тоа значи „земја на храбриот господар“.[9][10][11] Така, Порториканците својата држава често ја именуваат како Боринкен (Borinquen), изведена верзија од оригиналното име. Колумбо го именувал островот како Сан Хуан Баутиста, во чест на Св. Јован Крстител. Сепак, со тек на времето трговците започнале да го именуваат островот како Порторико, а Сан Хуан останало име на главниот град.

Remove ads

Историја

Кристофер Колумбо го посетил островот Порторико при своето второ патување во 1493 година, по што тој станал дел од шпанските колонии. Во текот на Шпанско-американската војна, САД го освоиле островот и на 10 декември 1898 година го анектирале. Во 1917 година Порторико добил внатрешна автономија, а на 25 јули 1952 година добил комонвелтски статус.

На референдум во 1967 и 1993 година граѓаните на Порторико се изјасниле против независност на островот од САД, а на референдумот од 1998 година се изјасниле и против редефинирање на комонвелтскиот статус на Порторико, кој би значел поголема автономија во однос на САД.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads