Марул

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Марулmap
Remove ads

Марул — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Марул живееле 240 жители Македонци.[2] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Марул е претставен како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 33 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 25 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 14 Македонци и 1 лице без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Марул е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци: Дамјановци (7 к.), Мурџевци (5 к.), Јанковци (4 к.), Павлевци (2 к.), Грујовци (5 к.) и Соќеровци (1 к.).
  • Доселеници: Таневци (7 к.) доселени се пред нешто повеќе од 200 години од раселеното село Кракоперница; Стевановци (4 к.) доселени се од селото Штавица. И таму се доселиле од некое друго село; Колевци (4 к.) доселени се однекаде; Бабајковци (4 к.) потекнуваат од Бонче. Од таму се иселиле во селото Мусинци, па во 1913 година се доселиле во Марул. И во Бонче биле доселени однекаде; Здравевци (1 к.) по потекло се од Вепрчани во Мариово, пред да дојдат во ова село биле во други; Галабари (1 к.) доселени се од Лопатица.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1496 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads