Лопатица (Битолско)
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лопатица — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија, местоположба и историја
Името на населбата води потекло од нејзината местоположба, односно сместеноста покрај пат. Според тоа прво ја завикале Попатица, а подоцна се трансформирало во денешното име Лопатица.
Населбата се наоѓа во западниот дел на Битолското поле, на територијата на Општина Битола, на 16 км оддалеченост од Битола. Атарот на селото се граничи од север со некогашното село Чагор, а од северозапад со Општина Демир Хисар, од запад со с. Црнеец и од југоисток со с. Лисолај. Селото е ридско на 655 м. надморска висина. Има релативно голем атар од 24,4 км2 и има рамнинско-ридски карактер. На него преовладуваат пасиштата кои заземаат површина од 1.338,4 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 694,7 ха, а на шумите 329,1ха.
Се споменува во турските опширни пописни дефтери за Битолската нахија од 1468 год. на трипати со вкупно 23 семејства, 4 неженети и 9 вдовици, сите христијани (со процена од 155 жители). Во прегледот на жители се споменува поп Петре.
Во XIX век, Лопатица било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
Remove ads
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лопатица живееле 260 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Лопатица имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лопатица се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]
Од Лопатица се иселиле голем број жители (над 300 лица), така што селото преминало од средна во мала населба. Во 1961 год. населбата имала 615 жители (максимум 665 жители во 1981 год.), а во 2002 год. бројот се намалил на 280 жители, сите Македонци. Во 2008 година неофицијално селото имало околу 300 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 212 жители, од кои 211 Македонци и 1 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Лопатица е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелци: Дамчевци (4 куќи) и Димитриевци (1 куќа)
- Доселеници: Митковци (13 куќи) доселени се од соседното село Лисолај, таму биле однекаде доселени; Крстевци (4 куќи), Дејковци (2 куќи) и Љаковци (1 куќа) доселени се од селото Секирани, и таму биле доселени однекаде; Тасевци (2 куќи) доселени се од соседното сега раселено село Мечкарица; Поповци (1 куќа) потекнуваат од свештеник кој се доселил од Прилеп; Настевци (1 куќа) доселени се од Драгожани; Грујовци (1 куќа) доселени се во 1926 година од селото Радобор; Спиро (1 куќа) доселени од селото Ракитница во Железник; Ивановци (1 куќа) доселени се од мијачкото село Лазарополе; Андреевци (1 куќа) доселени се од селото Базерник во Железник како ковачи; Кузмановци (3 куќи) доселени се 1926 година од раселеното село Чагор; Нале (1 куќа) доселени се од селото Црновец, а таму се доселени од селото Боиште во Железник; Богојевци (6 куќи) доселени се од раселеното село Чагор; Попчановци (4 куќи), Панџиловци (2 куќи), Шкиневци (2 куќи), Пукаловци (6 куќи), Кулуковци (5 куќи), Дамевци (7 куќи), Главевци (4 куќи) и Несторовци (2 куќи) доселени се однекаде.[11]
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 201 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Древеник.[12] Од 2004 година до денес, селото повторно припаѓало во рамките на Општина Битола.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 250 гласачи.[13]
Во периодот 1996-2004 година, селото припаѓало во рамките на битолската селска општина Кукуречани.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Битола.
Во периодот 1955-1965 година, селото било дел од тогашната општина Кукуречани.
Во периодот 1952-1955 година, селото било седиште на тогашната општина Лопатица.
Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од неговата општина Црноец.
Иселеништво
Најголем број од населението се иселило во Битола, потоа во Скопје, Австралија, САД, Канада, Шведска, Германија и други места во светот.
Општествени установи
Населбата има целосно оформена инфраструктура. Има продавници, спортски клуб и стопански објекти на ПП "Лозар". Населението се занимава со поледелство, градинарство, овоштарство, лозарство и сточарство. Во селото има 4 чешми, 1 извор и тече Чагорска река која е лева притока на реката Шемница. Во Лопатица работи основно училиште до 4 одделение (подрачно училиште на ОУ "Александар Турунџев" - с. Кукуречани), амбуланта, пошта, како и услужни објекти. Во селото има црква посветена на пресвета Богородица, изградена во 1827 год., а близу селото има манастир Св. Никола - изграден 1600 г. Манастирот се наоѓа во атарот на некогашното село Чагор и уште е познат како Св. Николај Чагорски. Селска слава им е Мала Богородица (21 септември).
- Цркви[14]
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главната селска црква изградена во 1857 г.
- Црква „Св. Никола Чагорски“ — манастирска црква од 1636 г., единствена во Чагорскиот манастир
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Во Селото — осамен наод од римско време
- Долни Леоник — црква од средниот век
- Калуѓери — црква од средниот век
- Коритница — некропола од римско време
- Ограда — населба од доцноантичко време
Remove ads
Личности
Личности родени во Лопатица:
- Трајанка Крстеска Бошеска — учесник во НОВ на Македонија
Култура и спорт
Во селото функционира фудбалски клуб којшто неколкупати го менувал своето име. Најпрвин се викал ФК Чагор, а денешното име му е ФК Лопатица.
Исто така во селото имало и КУД Гоце Делчев.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads