Матео Ковачиќ
хрватски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Матео Ковачиќ (роден на 6 мај 1994 , во Линц) — хрватски фудбалер, играч од средниот ред на Манчестер Сити и на хрватската репрезентација. Ковачиќ најчесто игра во средниот ред како плејмејкер, но може да ги покрива и другите позиции во средниот ред, како крилен играч или офанзивен играч за врска.[2]
Фудбалската кариера ја започнал во Динамо Загреб на 16 години, екипа со која освоил две последователни првенства во Хрватска пред да се пресели во Интер во 2013. По крајот на сезоната 2014-2015, Ковачиќ преминал во Реал Мадрид, каде ја освоил Лигата на шампиони во 2016. Член е на фудбалската репрезентација на Хрватска од 2013, и со националната екипа настапил на светското првенство во фудбал 2014 и европското првенство во фудбал 2016. Неговиот прекар е „Професорот“.[3][4] Ковачиќ течно зборува пет јазици: англиски, хрватски, германски, шпански, и италијански.[5] По вероисповед е католик и посетува црква секоја недела.[6]
Remove ads
Статистика
Клупска
- Обновено на 15 април 2017[7]
Репрезентативна
- Обновено на 12 ноември 2016[9]
Remove ads
Признанија
Клупски
- Со Динамо Загреб
- Прва фудбалска лига на Хрватска: 2010–11, 2011–12
- Хрватски фудбалски куп: 2010–11, 2011–12
- Со Реал Мадрид
- Лига на шампиони: 2015–16
- Суперкуп на УЕФА: 2016
- Светско клупско првенство во фудбал: 2016
Поединечни
- Надежен хрватски фудбалер на годината: 2011[10]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads