ГНК Динамо Загреб

From Wikipedia, the free encyclopedia

ГНК Динамо Загреб
Remove ads

Граѓански фудбалски клуб Динамо Загреб (скратено: ГНК Динамо Загреб или само Динамо Загреб) е хрватски фудбалски клуб од градот Загреб. Моментално се натпреварува во Првата фудбалска лига на Хрватска, и од нејзиното основање во 1992 година досега, никогаш не испаднал. Динамо е клуб со најмногу навивачи во Хрватска[2], а од основањето на Република Хрватска како самостојна независна држава е најтрофеен клуб во државата, со 20 национални титули шампион, 15 освоени купа и 6 суперкупа. Тие се исто така единствената хрватска екипа која успеала да освои некој европски трофеј, Купот на велесаемските градови 1966-1967.

Кратки факти ГНК Динамо Загреб, Целосно име ...

Динамо е наследник на фудбалскиот клуб 1. ХШК Граѓански Загреб основан на 26 април 1911 година. Откако комунистичката власт во 1945 година со декрет ги укинала популарните загрепски фудбалски клубови како Граѓански, ХАШК и Конкордија[3] поради играње во фудбалското првенство за време на НДХ, бил основан фудбалскиот клуб Динамо на 9 јуни 1945 година, како фудбалска секција на Спортскиот клуб Динамо, која од 1949 година започнува да делува како самостојна фудбалска екипа. Од фудбалскиот клуб Граѓански, Динамо ја презел темносината боја на дресови, поголемиот дел од играчите и навивачите како и прекарот пургери, а исто така и грбот на клубот е направен по урнек на грбот на фудбалскиот клуб Граѓански.[4]

Промените на името на клубот во ХАШК Граѓански и Кроација Загреб не биле добро прифатени во воените деведесетти години на 20 век, а денешното име било усвоено на седница на собранието на клубот на 12 август 2011 година, кога името Ногометни клуб Динамо Загреб било променето во Граѓански ногометни клуб Динамо Загреб со цел да се нагласи поврзаност со Граѓански.

Своите домашни натпревари Динамо ги игра на стадионот Максимир, кој има капацитет од нешто повеќе од 35.000 гледачи. Најголем соперник им е Хајдук Сплит со кого играат вјечно дерби, кое се смета за едно од најзначајните фудбалски дербија во светот.[5] Динамо Загреб е исто така познат по своите верни и фанатични навивачи познати под името Bad Blue Boys.

Remove ads

Историја

Клубот ја продолжил традицијата на Првиот хрватски градски спортски клуб (Граѓански) формиран во април 1911 година. Во текот на 34 годишното постоење Граѓански шест пати ја освоил титулата шампион на Кралството Југославија и НДХ (1923, 1926, 1928, 1937, 1940 и 1943). Под тоа име клубот настапувал сè до мај 1945 година, а потоа клубот бил распуштен по одлука на комунистичките власти, а сите богати архиви биле вандалски уништени. На местото на Граѓански било втемелено Фискултурното друштво Динамо, а пет години подоцна нивниот фудбалски клуб се осамостоил. Така, новиот клуб Динамо од Граѓански го наследил поголемиот дел од неговата традиција (грб и боја).

Во просториите на Електра, на 9 јуни 1945 година бил основан Динамо. Своето име клубот го добил по урнек на рускиот Динамо Москва. Тогашниот загрепски спортски комесар Ивица Медариќ, кој претходно играл за ХАШК, а потоа и за Граѓански, го предложил името Динамо кое било прифатенио поради блиските односи со СССР.[6].

По основањето на клубот му се приклучиле сите најдобри и најпопуларни играчи на Граѓански: Урх, Велфл, Кокотовиќ, Лешник, Цимерманчиќ, Плеше, Антолковиќ, Белошевиќ, Јазбиншек, Рајс, и неговите јуниори: Бучар, Ферковиќ, Мартинец, Кукец, Гереш, Чонч и Режек како и тренерот Мартон Букови. Од ХАШК на клубот му се приклучиле Чајковски, Кацијан, Лојен, Перичиќ. Од нив само Чајковски останал долго на Максимир - цели единаесет години. Динамо од Граѓански ја наследил сината боја на дресови и статусот најпопуларен загрепски фудбалски клуб, како и прекарот пургери, навивачката база, а од 1969 година и грбот бил многу сличен на оној на Граѓански.

Во перидот после Втората светска војна Динамо бил главен претставник на загрепскиот фудбал и еден од четирите најуспешни клубови во поранешната СФРЈ заедно со сплитски Хајдук и белградските клубови Црвена Ѕвезда и Партизан кој поради доминацијата во југословенскиот фудбал го добиле називот голема четворка. Динамо освоил четири југословенски првенства во 1948, 1954, 1958, и 1982 и седум купови во 1951, 1960, 1963, 1965, 1969, 1980 и 1983.

Remove ads

Бои, амблеми и дресови

Бои

Thumb
Марио Манџукиќ во традиционалниот дрес на Динамо Загреб (сезона 2008-2009).

Боите на Динамо Загреб се темносина и бела и во две бои најчесто била изработена опремата со која настапувале играчите на овој клуб. Традиционалниот дрес е во темносина боја, а во иста боја се и шорцевите. Резервниот дрес низ историјата бил најчесто во бела боја, а во 2007 година новиот прозиводител на спортска опрема Диадора за првпат во историјата на Динамо презентирала дрес во портокалова боја за гостинските натпревари.

Амблеми

Сметајќи ги и оние на фудбалскиот клуб Граѓански, досега во клупската историја клубот променил неколку амблеми.

Денешниот амблем на Динамо е во округол облик, поделен со коса црта на две еднакви половини. На десната страна, на сина подлога, се наоѓа мала буква d во бела боја со златни рабови. На левата страна се наоѓа хрватскиот историски грб. Овој грб во употреба е од 1969 година, кога го заменил стариот грб во облик на штит, а инспирација му бил грбот на Граѓански.

Remove ads

Стадион

Thumb
Стадион Максимир

Своите домашни натпревари Динамо Загреб ги игра на стадионот Максимир, кој е воедно и најголемиот фудбалски стадион во главниот град на Хрватска Загреб. Името го добил по градскиот кварт Максимир сместен во североисточниот дел на Загреб, во кој се наоѓа стадионот. Игралиштето официјално било отворено на 5 мај 1912 година и на него најпрво играла екипата на ХАШК, а од 1948 година на користење го добил Динамо. Претходно, Динамо настапувал на Стадионот Котурашка, на кој своите натпревари ги играл и Граѓански Загреб. По доселувањето на Максимир, клубот на игралиштето наскоро подигнал зграда, насипи за стоење и мала трибина во западниот дел. Својот прв натпревар на Максимир, Динамо го одиграл на 19 септември 1948 година против белградски Партизан, славејќи победа со 2-1, пред 40.000 гледачи.[7]

Денешниот стадион започнал со изградба во 1952 година, а проектанти биле архитектите Владимир Турина, Еуген Ерлих и Фрањо Нидхарт. Во првиот дел од изградбата во 1954 година довршени биле атлетската патека и западната трибина. Северната трибина била подигната во 1955 година, а во третиот дел изградени биле западниот влез, благајната, тоалетите и жичената ограда. Во четвртата етапа на градењето во 1961 година била изградена и источната трибина, која воедно ја покрива и западната трибина на помошното игралиште Хитрец-Кацијан. Градбата на јужната трибина започнала во 1964, а завршила во 1969 година. Во 1972 година управата на клубот се преселила на стадионот.

Првото големо реновирање на стадионот започнало во 1998 година, кога срушени биле северната трибина и западното, источното и јужното стојалиште, а доградена била западната трибина и изградена нова северна трибина, со што бил нарушен првичниот изглед на стадионот. Сепак, поради нереалните планови и недостаток на средства, работите не биле завршени, така што стадионот бил користен недовршен во 2000-тите години.

Последното големо реновирање било извршено во летото 2011 година кога стадионот бил подвргнат на темелно реновирање. Биле заменети сите столчиња, поставен е нов терен со дренажа и греење како и нови клупи за резервните играчи. Исто така биле уредени ложата за новинари, ВИП ложата и местата за инвалиди, атлетската патека била офарбана во сина боја, како и ѕидовите под трибините. Старите столчиња (5.000 такви) биле донирани на фудбалскиот клуб НК ГОШК Габела.[8]

Remove ads

Навивачи

Thumb
Bad Blue Boysi на северната трибина заедно со играчите ја слават титулата шампион во 2008 година.

Иако Динамо низ историјата го следелe голем број на навивачи, првата организирана група се појавила дури во 1980-тите години. Неколкумина најверни и најстраствени навивачи на Сините, по примерот на странските групи, ја основале навивачката група Bad Blue Boys. Името на групата било инспирано од еден многу популарен филм од тоа време Bad Boys со Шон Пен во главна улога.

Bad Blue Boys од своето основање на 17 март 1986 година, на натпреварот против Хајдук во Сплит, го бодрат Динамо во голем број, како на домашните, така и на гостинските натпревари. Со текот на годините, и покрај бројните инциденти, станале заштитен знак на клубот поради својата верност и фанатично навивање. На домашните натпревари најчесто се сместени на северната трибина на Максимир.

Како маскота на групата е земен булдог, а химна на групата е песната Динамо ја волим (превод: Динамо јас го сакам). Тие издале фанзин посветен на клубот (Ајмо плави), а во декември 2006 година бил издаден и фанзинот Динамо сјевер како службено гласило на задругата навивачи на Динамо. Покрај тоа тие издаваат и видеоматеријали, а имаат и своја мрежна страница.[9]

Remove ads

Играчи

Моментален состав

Обновено на 24 август 2019[10]
Повеќе информации Бр., Позиција ...

Играчи рекордери

Повеќе информации #, Играч ...

Познати поранешни играчи

Домашни играчи
  • Хрватска Милан Антолковиќ
  • Хрватска Рудолф Белин
  • Хрватска Игор Бишќан
  • Хрватска Звонимир Бобан
  • Хрватска Среќко Богдан
  • Хрватска Петар Бручиќ
  • Хрватска Томислав Бутина
  • Хрватска Сњешко Церин
  • ХрватскаЗвонимир Цимерманчиќ
  • Хрватска Игор Цвитановиќ
  • Хрватска Маријан Черчек
  • Хрватска Владимир Чонч
     
Странски играчи
  • Албанија Емилијано Вила
  • Алжир Ел Арби Хилел Судани
  • Аргентина Адријан Калелјо
  • Аргентина Леандро Куфре
  • Аргентина Луис Ибањес
  • Аргентина Пабло Миљиоре
  • Аргентина Гуљелмо Суарес
  • Австралија Еди Боснар
  • Австралија Еди Крнчевиќ
  • Австралија Марк Видука
  • Австралија Андерсон Коста
  • Бразил Хрватска Ето
  • Бразил Алешандре
  • Бразил Осмар
 
  • Бразил Додо
  • Бразил Карлос
  • Бразил Витор Жуниор
  • Бразил Хрватска Самир
  • Босна и Херцеговина Јасмин Џеко
  • Босна и Херцеговина Саид Хусејиновиќ
  • Босна и Херцеговина Слободан Јањуш
  • Босна и Херцеговина Един Мујчин
  • Босна и Херцеговина Денијал Пириќ
  • Босна и Херцеговина Харис Шкоро
  • Камерун Матијас Чаго
  • Камерун Патрис Кведи
  • Канада Ник Дасовиќ
  • Чиле Брајан Караско
 
  • Чиле Хуниор Фернандес
  • Чиле Педро Моралес
  • Брег на Слоновата Коска Диди Гуела
  • Брег на Слоновата Коска Бакари Саре
  • Костарика Ернан Медфорд
  • Костарика Роналд Гонсалес Бренес
  • Чешка Мирослав Слепичка
  • Гана Ли Ади
  • Унгарија Абрахам Јено
  • Унгарија Вилмос Сипос
  • Унгарија Петер Виг
  • Германија Јенс Новотни
  • Унгарија Георг Кох
  • Грција Димитриос Пападопулос
   
  • Нигерија Думитру Миту
  • Србија Зоран Димитријевиќ
  • Србија Михаило Петровиќ
  • Србија Радмило Михајловиќ
  • Србија Ранко Стојиќ
  • Словачка Јакуб Силвестр
  • Словенија Боштјан Цесар
  • Словенија Примож Глиха
  • Словенија Среќко Катанец
  • Словенија Грегор Жидан
  • Шведска Валид Ата
  • Тринидад и Тобаго Силвио Спан
Remove ads

Моментален тренерски штаб

Thumb
Ненад Бјелица
Повеќе информации Име, Функција ...
Remove ads

Тренери

  • Југославија Милан Граф, 1918 – 1919
  • Австрија Карл Хеинлајн, 1919 – 1921
  • Англија Артур Гаскел, 1921 – 1924
  • Австрија Рихард Кон, 1924 – 1925
  • Унгарија Имре Позшони, 1925 – 1926
  • Австрија Јозеф Брандштатер, 1926 – 1929
  • Австрија Јохан Стрнад, 1930 – 1931
  • Австрија Роберт Хафтл, 1931 – 1932
  • Унгарија Ѓури Молнар, 1932 – 1933
  • Ирска Џејмс Донели, 1933 – 1935
  • Австрија Ханс Рингер, 1935 – 1936
  • Унгарија Мартон Букови, 1936 – 1945
  • Хрватска Бранко Кунст, 1945
  • Унгарија Мартон Букови, 1945-1947
  • Хрватска Мирко Кокотовиќ, 1947
  • Австрија Карл Митш, 1948
  • Хрватска Бруно Кнежевиќ, 1948-1949
  • Хрватска Бернард Хугл, 1950-1952
  • Хрватска Милан Антолковиќ, 1952-1953
  • Хрватска Иван Јазбиншек, 1953-1955
  • Хрватска Богдан Цувај, 1956
  • Хрватска Милан Антолковиќ, 1957
  • Хрватска Густав Лехнер, 1957-1958
 
  • Хрватска Милан Антолковиќ, 1959-1960
  • Унгарија Мартон Букови, 1960-1961
  • Хрватска Милан Антолковиќ, 1961-1964
  • Хрватска Влатко Коњевод, 1964-1965
  • Хрватска Бранко Зебец, 1965-1967
  • Хрватска Ивица Хорват,1967-1970
  • Хрватска Златко Чајковски,1970-1971
  • Хрватска Дражан Јерковиќ, 1971-1972
  • Хрватска Стјепан Бобек, 1972
  • Хрватска Домагој Капетановиќ, 1973
  • Хрватска Иван Марковиќ, 1973-1974
  • Хрватска Мирко Базиќ, 1974-1977
  • Хрватска Рудолф Белин, 1977-1978
  • Хрватска Влатко Марковиќ, 1978-1980
  • Хрватска Иван Марковиќ, 1980
  • Хрватска Мирослав Блажевиќ, 1980-1983
  • Хрватска Рудолф Белин, 1983
  • Хрватска Влатко Марковиќ, 1983
  • Хрватска Бранко Зебец, 1984
  • Хрватска Томислав Ивиќ, 1984-1985
  • Хрватска Зденко Кобешчак, 1985
  • Хрватска Мирослав Блажевиќ, 1986-1988
  • Хрватска Јосип Сколбар, 1988-1989
 
  • Хрватска Рудолф Белин, 1989
  • Хрватска Јосип Куже, 1989-1990
  • Хрватска Влатко Марковиќ, 1990-1991
  • Хрватска Зденко Кобешчак, 1991-1992
  • Хрватска Влатко Марковиќ, 1992
  • Хрватска Мирослав Блажевиќ, 1992-1994
  • Хрватска Иван Беди, 1994
  • Хрватска Златко Крањчар, 1994-1996
  • Хрватска Ото Бариќ, 1996-1997
  • Хрватска Маријан Влак, 1997-1998
  • Хрватска Златко Крањчар, 1998
  • Хрватска Иван Беди / Хрвоје Браовиќ, 1998
  • Хрватска Велимир Зајец, 1998-1999
  • Хрватска Илија Лончаревиќ, 1999
  • Аргентина Освалдо Ардилес, 1999
  • Хрватска Маријан Влак, 1999-2000
  • Хрватска Хрвоје Браовиќ, 2000-2001
  • Хрватска Илија Лончаревиќ, 2001-2002
  • Хрватска Маријан Влак, 2002
  • Хрватска Мирослав Блажевиќ, 2002-2003
  • Хрватска Никола Јурчевиќ , 2003-2004
  • Хрватска Ѓуро Баго, 2004
  • Хрватска Ненад Грачан, 2004
 
  • Хрватска Илија Лончаревиќ, 2005
  • Хрватска Звјездан Цветковиќ, 2005
  • Хрватска Јосип Куже, 2005-2006
  • Хрватска Бранко Иванковиќ, 2006-2008
  • Хрватска Звонимир Солдо, 2008
  • Хрватска Бранко Иванковиќ, 2008
  • Хрватска Маријан Влак, 2008-2009
  • Хрватска Крунослав Јурчиќ, 2009-2010
  • Хрватска Велимир Зајец, 2010
  • Босна и Херцеговина Вахид Халихоџиќ, 2010-2011
  • Хрватска Крунослав Јурчиќ, 2011
  • Хрватска Анте Чачиќ, 2011-2012
  • Хрватска Крунослав Јурчиќ, 2012-2013
  • Хрватска Бранко Иванковиќ, 2013
  • Хрватска Зоран Мамиќ, 2013-2016
  • Хрватска Златко Крањчар, 2016
  • Хрватска Жељко Сопиќ, 2016
  • Бугарија Ивајло Петев, 2016-2017
  • Хрватска Марио Цвитановиќ, 2017-2018
  • Хрватска Никола Јурчевиќ 2018
  • Хрватска Ненад Бјелица 2018 - денес
Remove ads

Титули

- натпреварувањата до 1945 година ги освоила екипата на Граѓански

1992–1993, 1995–1996, 1996–1997, 1997–1998, 1998–1999, 1999–2000, 2002–2003, 2005–2006, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009, 2009–2010, 2010–2011, 2011–2012, 2012–2013, 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2017–2018, 2018–2019, 2019-20, 2020/21, 2021/2022, 2022/23, 2023/24[12]
    • Првенство на Кралството Југославија : 5
1923, 1926, 1928, 1936-1937, 1939-1940.
1939-1940.
1941, 1943.
    • Првенство на СФРЈ : 4
1947-1948, 1953-1954, 1957-1958, 1981-1982.
1993-1994, 1995-1996, 1996-1997, 1997-1998, 2000-2001, 2001-2002, 2003-2004, 2006-2007, 2007-2008, 2008-2009, 2010-2011, 2011-2012, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018
    • Куп на Кралството Југославија : 2
1925, 1940.
1941.
    • Куп на СФРЈ: 7
1951, 1959-1960, 1962-1963, 1964-1965, 1968-1969, 1979-1980, 1982-1983.
  • Суперкупови: (6)
    • Суперкуп на Хрватска : 6 (рекорд)
2002, 2003, 2006, 2010, 2013, 2019.
1967, (финалист 1963.)
    • Балкански куп: 1
1976.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads