Матеј Геров

From Wikipedia, the free encyclopedia

Матеј Геров
Remove ads

Матеј Геров (Тетово, 14 октомври 1871 Софија, 20 август 1918 ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Женевската група и Македонската револуционерна организација, подоцна новинар во Бугарија.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Геров е роден во Тетово на 14 октомври 1871 година. Студирал на Правниот факултет во Софија. На 27 септември 1903 година се пријавил да ги продолжи студиите во последниот семестар на Правниот факултет во Белград.[1] Како член на ВМРО од крилото на „сарафистите“ бил испратен е да го аранжира пречекот на Борис Сарафов во српската престолнина за разговорите со српските државници и новинари во ноември 1903. Ја поддржувал националната програма на Македонскиот клуб и на весникот „Балкански гласник“ и изјавил во печатот дека „не е ни Србин, ни Бугарин, туку Македонец“.[2] Во следната година ја напуштил Србија. Подоцна учествувал во формирањето на Сојузот на бугарските конституциони клубови во 1908 и како новинар, наполно се предал во служба на бугарската политика во Македонија.[3]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads