Маурисио Почетино

From Wikipedia, the free encyclopedia

Маурисио Почетино
Remove ads

Маурисио Роберто Почетино (шпански изговор: [mauˈɾisjo potʃeˈtino]; роден на 2 март 1972) — поранешен аргентински фудбалер, играч од одбраната. Тој е и поранешен репрезентативец на Аргентина. Во моментов тој е менаџер на екипата на Тотенхем од Лондон.

Кратки факти Маурисио Почетино, Лични податоци ...

Тој помина 17 години како професионален играч, каде што најголем дел од својата кариера настапувал за Еспањол при што забележал 275 натпревари и 13 постигнати голови..[2] Тој исто така настапувал за два француски клуба, Париз Сен Жермен и Бордо, како и аргентинскиот Њувел Бојс каде што ја започнал професионалната кариера. Бил дел и од фудбалската репрезентација на Аргентина на Светското првенство во 2002 година и на Копа Америка во 1999 година.

Почетино ја започна својата менаџерска кариера во Еспањол во јануари 2009 година, останувајќи на тренерското емсто 4 години. Потоа тој ја продолжил кариерата во Премиер Лигата во тимот на Саутемтон, а од 2015 година е на кормилото на Тотенхем. Во првата сезона во тимот на Тотенхем, тој го освоил второто место во Премиер лигата, веднаш зад сензацијата Лестер Сити, кој станал шампион во сезоната 2015/2016 година.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads