ФК Лестер Сити

From Wikipedia, the free encyclopedia

ФК Лестер Сити
Remove ads

ФК Лестер Сити е англиски фудбалски клуб со седиште од Лестер, Западен Мидлендс. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот лигашки систем. Својте натпревари ги играат на стадионот Кинг Пауер (претходно наречен Стадион Вокерс), кој има капацитет од 32,261 седечки места.

Кратки факти Лестер Сити, Целосно име ...

Клубот бил основан во 1884 година како Лестер Фос[1] и се натпреварувал на терен во близина на патот Фос Роуд. Тие подоцна се преселиле на Филберт Стрит во 1891 година и одиграле таму 111 години по ред, пред да го релоцираат бизнисот во близина на Стадионот Вокерс во 2002 година,[2] кој подоцна бил преименуван во Кинг Пауер во 2011 година.[3]

Лестер се приклучил на Фудбалската лига на Англија во 1894 година. Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Премиер лигата во сезоната 2015-2016, кога Лестер за првпат во својата историја станал шампион на Англија. Со тоа тие станале еден од седумте клубови кој ја освоиле Премиер лигата од нејзиното основање во 1992 година, а нивниот успех во голем број на весници и медиуми бил опишан како еден од најголемите спортски шокови и најпријатни изненадувања во историјата на било кој спорт.[4][5][6]

Клубот исто така е познат и под прекарот лисиците, кој доаѓа од клупскиот амблем. Традиционало играат во дресови со темно-сина боја и со бели шорцеви.

Remove ads

Соперништва

Навивачите на Лестер го сметаат тимот на Нотингам Форест за нивен примарен соперник што се должи на историските социо-економски соперништва меѓу градовите Лестер и Нотингам, од каде што доаѓаат двата клуба. Втори соперници на клубот се Дарби Каунти со кои тие играат натпревар во таканреченото дерби на Источен Мидландс.

И покрај тоа што се со седиште во Западен Мидландс, друг соперник на Лестер во последниве неколку години е Ковентри Сити, кои се засновани на само 24 милји оддалеченост. Натпреварите меѓу двата клуба, станаа познати како M69 дерби, дебивајќи ги името по Автопатот кој ги поврзува двата града.

Remove ads

Играчи

Моментален состав

Повеќе информации Бр., Позиција ...
Remove ads

Титули

Премиер лига Премиер лига : 1

2015-2016

Втора Дивизија на Англија : 6

1924–1925, 1936–1937, 1953–1954, 1956–1957, 1970–1971, 1979–1980
Вицешампиони (2) : 1907–1908, 2002–2003

Премиер лига ФА Куп : 1

2020-2021
Вицешампиони (4) : 1949, 1961, 1963, 1969

Лига куп Лига куп : 3

1964, 1997, 2000
Вицешампиони (2) : 1965, 1999

Комјунити шилд Черити Шилд : 1

1971

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads