Мраз

замрзната вода во цврста состојба From Wikipedia, the free encyclopedia

Мраз
Remove ads

Мразот претставува цврста агрегатна состојба на водата. Водата во нормални услови преминува од течна во цврста агрегатна состојба на температура од 0 °C. Поради специфичното просторно распоредување на молекулите вода, мразот има помала густина од водата (за приближно 8,5%) и поради тоа плови на нејзината површина. Специфичната топлина на мразот е двојно помала од онаа на водата во течна состојба. Поради тоа мразот брзо се формира на површината на водата разладена на температура од 0 °C, а за неговото топење е потребно двојно помало количество топлина. Со зголемување на соленоста на водата се намалува нејзината точка на заледување. Така морската вода замрзнува на температура од -1,91 °C. Најголема количина лед во биосферата има на поларните капи.

Thumb
Мраз формиран околу гранките на едно дрво.

Но мразот не е својствен само за водата. Всушност тој вид лед се нарекува воден мраз. Имено речиси секоја гасовита супстанца при одредена температура и притисок може да премине во состојба на мраз. Во вселената е познато постоење на воден мраз, но исто така има и на пример метански мраз на Плутон или мраз од амонијак на нешто поблискиот Уран.

Remove ads

Мразот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Голомразица“ — песна на рускиот поет Владимир Висоцки.[1]
  • „Мразевите“ — песна на рускиот писател Борис Пастернак.[2]
  • „Пукањето на мразот“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[3]
  • Коцка Мраз (англиски: Ice Cube) — американски рапер и глумец.[4]
  • „Куќа од мраз“ (англиски: Ice House) - песна на британската рок-група Кричрс (The Creatures) од 1983 година.[5]
  • „Заробен под мраз“ (англиски: Trapped Under Ice) — песна на американската хеви-метал група Металика (Metallica) од 1984 година.[6]
  • „Мраз“ (англиски: Ice) — песна на британската рок-група Стренглерс (The Stranglers) од 1979 година.[7]
  • „Ледено студен мраз“ (англиски: Ice Cold Ice) — песна на американската рок-група Хускер Ду (Husker Du) од 1987 година.[8]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads