Маќаш Ракоши

From Wikipedia, the free encyclopedia

Маќаш Ракоши
Remove ads

Маќаш Ракоши (унгарски: Mátyás Rákosi; 9 март 1892 - 5 февруари 1971) — унгарски комунист, секретар на КП на Унгарија од 1945 година до 1956 година и премиер на Народна Република Унгарија од 1952 до 1953 година.

Кратки факти Маќаш Ракоши, Претседател на Советот на министри на НР Унгарија ...
Remove ads

Животопис

Маќаш е роден како Маќаш Розенфелд во градот Ада, тогашна Австроунгарија.[1][2][3] Тој бил шестиот син на еврејски трговец. Служел во австроунгарската војска кога избила Првата светска војна, а бил заробен на Источниот фронт.

Се вратил дома во 1919 година, и учествувал во комунистичката влада на премиерот Бела Кун. По задушување на револуцијата, тој отишол во Советскиот Сојуз и се вратил во Унгарија во 1924 година, каде што тој бил затворен и вратен во СССР во 1940 година. Сè со цел да се вратат во Унгарија револуционерните знамиња што руските војници ги заробиле во Вилагош 1849 година.[4] Во Советскиот Сојуз бил секретар на Коминтерната. Се вратил во Унгарија на 30 јануари 1945 година со помош на Црвената армија, со цел да ја организира Унгарската комунистичка партија.[4]

По ослободувањето на Унгарија во 1945 година, тој станал генерален секретар на Унгарската комунистичка партија. Во 1948 година, тој ги натерал социјалдемократите да се приклучат кон комунистите, со цел да ја формираат Унгарската работничка народна партија. До 1949 година ја укинал опозицијата, со што Унгарија станала еднопартиска држава. Често го опишувале како најдобар унгарски ученик на Сталин. Тој развил силен култ на личноста. За време на неговото владеење, голем број вистински и потенцијални непријатели на новата влада биле уапсени и убиени.

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads