Мезофил

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Мезофилоторганизам, којшто вирее на умерени температури, ниту многу високи ниту многу ниски, вообичаено помеѓу 25 и 40 °C. Поимот претежно се однесува на микроорганизми.

Ареалот на овие организми ги вклучува почвите, човечкото тело, животните и др. Оптималната температура за многу патогени мезофили е 37 °C, т.е. нормалната температура на човечкото тело. Мезофилните организми играат важна улога во прехранбената индустрија, посебно при правење на сирење и кисело млеко, пиво и вино.

Организмите кои ја претпочитаат студената средина се нарекуваат психрофили, а оние кои претпочитат повисоки температури се нарекуваат термофили. Организмите кои живеат на екстремно високи температури се нарекуваат хипертермофили.

Поимот „мезофил“ често се спомнува во ботаниката, особено во структура на лист и истото означува основно ткиво, кое се наоѓа меѓу горен и долен епидермис. Неговиот долен дел кој е исполнет со воздушни простори се нарекува сунгересто ткиво.

Remove ads

Живеалиште

Постапки за определување на број на колонии на аеробни мезофилни бактерии во млеко.

Живеалиштата на мезофилите може да се сирењето и јогуртот. Тие често се вклучени за време на ферментација на пиво и вино правење. Бидејќи нормалната температура на човечкото тело е 37 °C, поголемиот дел од човечките патогени се мезофили, како и повеќето од организмите што го сочинуваат човечки микробиом.

Примери

Некои значајни мезофили се Listeria monocytogenes, Staphylococcus aureus, и Escherichia coli. Други примери на видови мезофили се Clostridium kluyveri, Pseudomonas maltophilia, Thiobacillus novellus, Streptococcus pyogenes, и Streptococcus pneumoniae.

Поврзано

  • Анаеробно варење
  • Мезофилен варилник
  • Мезофит
  • Неутрофил
  • Обратна екологија
  • Мезогенеза. Појавата на мезофили.[1]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads