Менде Солунчевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Менде Солунчевски (Вирово, Демир Хисар, 1 декември 1963 година) — македонски професор, писател и поет. Тој е вонреден професор на Воената академија „Михаило Апостолски“ - Скопје, на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Р. Державин“ во Свети Николе и Битола, како и на Бизнис академија Смилески - БАС Скопје - Битола.
Remove ads
Животопис
Менде Солунчевски е роден во демирхисарското село Вирово. Основно образование завршил во родното место, а гимназија во Демир Хисар. Дипломирал во 1988 година, на Филозофскиот факултет во Скопје - група одбрана. Во 2001 година, станал магистер по одбрана, а во 2008 година, тој станал доктор по менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Член е на Македонското научно друштво - Битола, Организацијата на резервни офицери на РМ (ОРОРМ), Здружението на дипломирани студенти од РМ на Европскиот центар за безбедносни студии - Џорџ Маршал, Црвениот крст на РМ, Сојузот на борците од НОВ и продолжувачи на делото од НОВ, како и на Литературниот клуб „Изгрев“ од Демир Хисар. Основач и претседател е на здружението на граѓани за афирмација на култура, екологија и рурален туризам „Валавица“ - Демир Хисар.
Работи во Министерството за одбрана - Регионален раководител на Одделение за одбрана за регион Битола.[1]
Remove ads
Книги
- Цивилна заштита во Република Македонија (Југореклам, Скопје, 2005)
- Длабоко од душата (Гутенберг, Битола, 2006) - поезија;
- Менаџмент на човечки ресурси во Системот за заштита и спасување (Микена, Битола, 2008)
- Организација и менаџмент на подрачните единици за одбрана (ОРОРМ, Скопје, 2010)
- Развојот на системот за одбрана и заштита во Општина Демир Хисар во XX век (ОРОРМ, 2013)
- Прекршување (Гутенберг, Битола, 2013) - поезија;
- Учеството на демирхисарските воени старешинии војници во војната во 2001 година во РМ (ОРОРМ, 2015)
- Стратегиски менаџмент (БАС, 2015) - соавтор;
- Современ менаџмент на системот за заштита и спасување (Македонско научно друштво, Битола, 2018)
- Ресурси и мерки за заштита и спасување - соавтор со Методија Дојчиновски и Маја Тимовска (КА ЕЛ ЕС ПРИНТ, Скопје, 2018)
- Папради (Дата Песнопој, Битола, 2019) - поезија;
- Развојот на валавичарството во Вирово како посебен вид на претпримеништво и семеен бизнис (Дом на културата-Илинден, Демир Хисар,2021)
- Цивилна заштита, (Македонско научно друштво-Битола, 2022)
- Менаџмент-коавтор со Габриела Крстевска, (Министерство за образование и наука,Скопје,2024)
- Организациско однесување-коавтор со Габриела Крстевска (Министерство за образование и наука,Скопје,2025)
- Демирхисарски гордости, (Дом на културата Илинден Демир Хисар, 2025)
Remove ads
Научни трудови
Менде Солунчевски е автор на повеќе од стотина научни и стручни трудови издадени во домашни и меѓународни зборници и списанија. Има објавено бројни научни трудови од областа на цивилната заштита, улогата на НАТО и слично, а некои од темите на неговите меѓународно објавени научни трудови се однесуваат на визијата и мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, културата на Европа и слично. Солунчевски има објавувано трудови во Македонија, во Руската Федерација како и во Бугарија.
Во 2025 година, во коавторство со Лидија Стефановска, во Кишинев, Молдавија, ја објавил книгата со англиски наслов: Innovative approach to the development of small and medium-sized enterprises in the Republic of North Macedonia.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads