Методија Стефаноски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Методија Стефаноски
Remove ads

Методија Лазев Стефаноски (прекар:Митуш) ( 1922 во Кичево 1944 во Сарандиново, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Потекнувал од занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште му помагал на својот татко во меаната како работник, но не го прекинал школувањето. Учел гимназија во Охрид. Окупацијата го затекнала во седми клас. Уште од првите денови на окупацијата, се определил за борба против окупаторот, така што при крајот на 1941 година бил опфатен во воспитната група. Активно работел во Младинската организација и растурал илегален материја со што станал кандидат за прием во партијата во август 1943 година. Во слободно Кичево работел на организирање и прифаќање на нови младинци, а активен бил и на состаноците. Кон крајот на ноември 1943 година, поради големиот терор на окупаторот, Методија заедно со Стојан Бунгуроски, тргнале да се поврзат со единиците на НОВ. Преку селото Мраморец - Охридско, навлегле на територија окупирана од Бугарија и во Битола се вработил како угостителски работник, вклучувајќи се во тамошната партиска организација. При една провала бил фатен од бугарските фашисти, затворен и ѕверски мачен, а потоа биле осудени на смрт, но на пат за Македонски Брод, кај селото Сарандиново починале поради тешките повреди и рани, заедно со Стојан Бунгуроски.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads