Сарандиново

село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia

Сарандиновоmap
Remove ads

Сарандиново — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Сарандиново се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, во средишниот дел од територијата на Општина Долнени, непсоредно до патот Прилеп-Македонски Брод. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 610 м. Неговиот атар зафаќа површина од 4,9 км2. Соседни села се: Ропотово, Жабјани и Пешталево од север, Браилово од североисток, Долнени од југоисток, Кошино од северозапад, Дабјани од запад, Бело Поле, Кутлешево и Новоселани од југозапад. Од Прилеп е оддалечено 18 км.[2]

Месности во селскиот атар се: Мера, Мала Рада, Дрварски Пат, Пречни Пат, Јаширица, Орлоица, Дупка и Караорман. Останатите делови од селскиот атар се: Врба, Шест Круши, Завој, Ќортаница, Црна Нива, Горни Ливади, Тумба, Смрека, Криви Слогови, Корија, Голема Нива, Трлиште, Падарчица, Гробишта, Близначиња, Болиоч, Кинатица, Само Дабче и Талеј Дабја.[3]

Remove ads

Историја

Остатоци од стара населба на местото на селото се среќаваат во месноста Тумба покрај патот за Браилово и во Падарчица јужно од селото. Мештаните на овие места за време на обрабоување на земјиштето најдувале камења од ѕидови и ќерамиди. Постарите жители на селото раскажувале:

„На овие места, селаните за време на орења најдувале камења од ѕидови и ѓерамиди. Во Сарандиново старите селани раскажувале: „Некогаш нашите дедовци живееле во село, кое се викало Бурилово, Кога се испустило Бурилово, дедовците дошле овде, направиле колиби и така се формирало Сарандиново. Во тоа време се бегало од болеста чума, која ги убивала и луѓето и стоката.“

Селото Бурилово во атарот на денешното село Пешталево, недалеку од Сарандиново. Раселувањето од ова село се случило на почетокот од XIX век кога во Сарандиново дошле предците на најстарите родови – Дашковци и Младеновци. Според свеочењата на мештаните, во турско време земјата била агаларска, а само Дашковци и Младеновци имале свои куќи и земја во посед. Во тој период, во селото имало три чифлизи: два прилепски и еден дебарски. Сопствениците на првите чифлизи биле Турчин по име Рушит и христијанин по име Гиго Маламан, а дебарскиот чифлиг им припаѓал на родот Ќуљафковци. Во тој период, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[4]

По Првата светска војна, државната власт им ја поделила чифлик-сајбиската земја на затекнатите и доселените македонски родови. Околу една четвртина од селскиот атар тогаш ја купиле селаните од Долнени.[4]

Remove ads

Стопанство

Во рамките на селскиот атар, обработливото земјиште преовладува на повешина од 468 ха, па затоа селото има полјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во пописните дефтери од 1467/68 година Борилово (Сарандиново) е регистрирано како ненаселена мезра, а во 1568/69 тука живееле 10 македонски христијански семејства и 7 неженети.[4]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сарандиново било село со 22 домаќинства и 85 жители Македонци.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сарандиново имало 120 жители Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Сарандиново било село со 128 жители Македонци.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сарадиново се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 24 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото Сарандиново живеат 98 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 93 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Сарандиново е македонско село.

Родови во селото се: Дашковци и Младеновци доселени се на почетокот од XIX век од раселеното село Бурилово, во родот Дашковци се знае следното родословие: Васил (жив на 68 г. во 1950-тите) Велко-Стојан-Кочо, основачот на родот кој дошол од раселеното село Бурилово; Симоновци доселени се во 1908 година од иселеното село Големо Мраморани; Гиновци и Микајле доселени се од селото Лупште во Порече, првите во 1936 година, а вторите во 1954 година; Нешковци доселени се во 1936 година, пред тоа живееле во Бело Поле и Житоше; Стојчевци (1 к.) доселени се во 1936 година од селото Сушица во Порече; Настевци доселени се во 1936 година од селото Зркле во Порече; Ефремовци доселени се во 1936 година од селото Рамне во Порече; Сиљановци (1 к.) доселени се во 1936 година од селото Манастирец (Горни или Долни) Порече; Павлевци доселени се во 1936 година од селото Могилец во Порече.[3]

Remove ads

Општествени установи

Во селото работи подрачното основно училиште „Ѓорче Петров“, каде што се изведува настава до петто одделение.[15]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1492 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 77 гласачи.[17]

Културни знаменитости

Thumb
Леталиштето Сарандиново
Археолошки наоѓалишта[3]
  • Тумба — неопределено наоѓалиште од непознат период;
  • Падарчица — неопределено наоѓалиште од непознат период.
Цркви
Леталишта


Иселеништво

Се знае за следните иселеници од селото Сарандиново: Јакофовци (4 к.) иселени се во селото Бело Поле. Мартиновци (2 к.) иселени се во селото Локвени. Од селскиот род Дашковци има иселеници во Прилеп (три семејства) и во Софија, Бугарија (пет семејства). Од родот Младеновци има иселеници во Прилеп (четири семејства)[3]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads