Мечкул
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мечкул — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 26 жители (2024).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на северозападните падини на планината Пирин, на околу 700 метри надморска височина.
Историја
Црквата „Свети Илија“ била изградена на 3 километри јужно од селото во 1805 година. Во 1836 година било отворено училиште со учител Димитар Паскалев Тоев.[1] Во 1892 година црквата „Св. Петар и Павле“, била прогласена за споменик на културата. Во 1900 година, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на Докатичево изнесувало 620 жители Македонци, сите христијани.[2][3]
Митрополитот Емилијан Мелнишки напишал дека на 5 јануари 1908 година, 5-члена чета била опсадена од војска во Мечкул, Мелнишко, но била спасена ноќе со помош на селаните.[4]
Remove ads
Демографија
На табелата е прикажан бројот на населението во Мечкул за периодот 1934-2011:
Етнички состав
Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:
| националност | број | % |
| Бугари | 28 | 100 |
| Роми | - | - |
| Турци | - | - |
| други | - | - |
| не се самоопределиле | - | - |
| не одговориле | - | - |
| Вкупно | 28 | 100 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[5]
Личности
Родени во Мечкул
- Георги Пенков Николов (1890 – 1925), македонски револуционер и член на Македонската револуционерна организација.
- Тома Пенков Николов (? – 1918), македонски револуционер и член на Македонската револуционерна организација.
Починати во Мечкул
- Христо Апостолов (1860 – 1912), македонски револуционер, горноџумајски војвода и член на Македонската револуционерна организација.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
