Микелоцо

From Wikipedia, the free encyclopedia

Микелоцо
Remove ads

Микелоцо ди Бартоломео Микелоци (италијански: Michelozzo di Bartolomeo Michelozzi) (1391 - 1472?) — италијански архитект и вајар.

Кратки факти Микелоцо, Националност ...
Thumb
Палацо Медичи Рикарди во Фиренца

Животопис

Роден е во Фиренца како син на кројач, и во младоста бил ученик на Донатело.

Работел во мермер, бронза и сребро. Негово дело е статуата на младиот Св. Јован над вратата на црквата Санта Марија дел Фјоре („дуомо“-то) во Фиренца, од спротива на Крстилницата; исто така направил и прекрасна сребрена статуетка на Јован Крстител на предниот олтар во црквата Сан Џовани. Голем пријател и патрон на Микелоци бил Козимо Медичи, кого го придружувал во Венеција во 1433 за време на неговото кратко прогонство. Додека бил во Венеција, Микелоцо ја изградил библиотеката во Сан Џорџо Маџоре, а таму проектирал и други згради.

Во 1428, заедно со Донатело, Микелоцо подигнал проповедница на отворено, на аголот на катедралата Св. Стефан во Прато. Величествениот дворец Палацо Медичи Рикарди во Фиренца, изграден за Козимо, е исто така негово дело; ова е еден од најблагородните примери на италијанската архитектура од XV век, во кој одличниот вкус и способност на архитектот ги искомбинирале деликатната леснотија на италијанската готика со масивната достоинственост на класичниот стил. Со своите големи инженерски вештини, Микелоцо ја поправил и делумно реизградил палатата Палацо Векјо, која тогаш била пропадната, и додал многу важни соби и скалишта. Кога во 1437, благодарение на Козимовата либералност, манастирот Св. Марко во Фиренца бил предаден на Доминиканците од Фјезоле, Микелоцо имал задача да го реизгради домашниот дел и да ја ремоделира црквата.

Микелоцо конструирал бројни други згради за Козимо, највеќето од кои се важни зданија. Меѓу овие била гостилницата во Ерусалим за фирентинските аџии, Козимовата летна вила кај Кареџи и силно утврдениот замок Кафаџоло во Муџело. За Џовани Медичи, Козимовиот син, Микелоцо изградил многу голема и величествена палата во Фјезоле. И покрај изјавата на Вазари дека тој умрел на 68-годишна возраст, по сѐ изгледа дека Микелоцо живеел до 1472 год. Погребан е во манастирот Св. Марко, Фиренца.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads