Мириц (округ)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мириц (округ)
Remove ads

Мириц (германски: Müritz) — поранешен округ во јужниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Бил именуван по езерото Мириц. Се граничел со (од запад надесно) окрузите Пархим, Гистров, Демин, Мекленбург-Штрелиц, слободниот град Нојбранденбург и округот Источен Пригниц-Рупин во Бранденбург. Округот бил распуштен при административната реформа во септември 2011. Округот бил приклучен кон новиот округ Мекленбуршка Езерска Област.

Кратки факти МирицLandkreis Müritz, Земја ...
Remove ads

Географија

Округот Мириц се протегал на западната половина на Езерската Област Мириц и Националниот парк Мириц. Езерото Мириц има површина од 117 км²; тоа е второ најголемо езеро во Германија веднаш зад Боденското Езеро, но и најголемо езеро кое целосно се наоѓа во Германија.

Историја

Округот бил создаден на 12 јуни 1994 со спојување на претходните окрузи Ребел и Варен и неколку општини од окрузите Малхин и Нојштрелиц. Овој округ бил споен со Мекленбург-Штрелиц и поголемиот дел од Демин при административната реформа во септември 2011, за да го создадат новиот округ Мекленбуршка Езерска Област.

Грб

Thumb Грбот покажува бикова глава во горниот лев дел, претставувајќи ги принцовите од Верле. Орелот-рибар во десниот дел го прикажува природното богатство во округот. Градскиот бедем долу со четири ѕидови ги претставува четирите града во округот, а брановитата линија во градската порта Езерската Област Мириц.

Градови и општини

Повеќе информации Слободен град ...
Remove ads

Надворешни врски

53°25′N 12°42′E

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads