Мирои Орници
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мирои Орници — археолошко наоѓалиште во битолското село Крстоар. Претставува базилика од старохристијанско време . Се наоѓа на околу 300 м северозападно од Крстоарскиот манастир, каде војската при копање на ровови во 1954 година открила објект со мозаичен под. Објектот бил ѕидан од камен и варов малтер. Денес по површината на просторот има фрагменти од покривни ќерамиди, тули и друг градежен материјал, а зачуван е и еден довратник од мермер. Според исказите на жителите, одовде потекнува камената пластика (делови од мермерен саркофаг, мермерен столб и др.) што се наоѓа кај манастирот.[1]
Remove ads
Поврзано
- Грамаѓе — населба од средниот век;
- Крстоар;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads