Мисурица (Асамати)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мисурица — археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на 1 км северно од селото, во рамнината крај езерскиот брег, на блага височинка што се издига над околниот терен и зафаќа површина од околу 4 хектара, каде при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти, а по површината се гледаат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и множество градежен материјал. Во селска нива на човек од селото Рајца во 1935 година бил откриен гроб граден од тули и покриен со монолитна камена плоча. Во гробот немало прилози.[1]
Remove ads
Поврзано
- Асамати — осамен наод од римско време;
- Прекоп — населба од хеленистичко време;
- Ружин Гроб — тумул од железно врме;
- Св. Архангел — осамен наод од доцноантичко време;
- Св. Недела — населба од бронѕено време;
- Асамати;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads