Св. Недела (Асамати)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Недела — археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува населба од бронзено време. Се наоѓа на околу 500 м северно од селото и 100 м јужно од раскрсницата на патот Макази — Претор, на една блага височинка / тумба, која е доста развлечена од интензивните земјоделски работи. Во нивите во 1978-80 година е извршено заштитно археолошко ископување при што се откриени остатоци од куќа, градена од дрвена граѓа и кал, од крајот на бронзеното време. Подвижниот археолошки материјал го претставуваат множество керамички садови за секојдневна употреба, со различни димензии и форми, скромно украсени со вдлабнатини од прсти. Најдени се орудија од коска и камен, како и тегови и прешлени од земја. Неколкуте групи од фрагментирани керамички садови асоцираат на грнчарска работилница. Средниот дел на куќата е уништен со вкопувањето на подоцнежен објект, со ѕидови дебели 1 м сувоѕидица, поставени во правец исток-запад, организирани во облик на буквата П. Функцијата и временската припадност на овој објект не можеле да се определат. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.[1]
Remove ads
Поврзано
- Асамати —осамен наод од римско време;
- Мисурица — населба од римско време;
- Прекоп — населба од хеленистичко време;
- Ружин Гроб — тумул од железно време;
- Св. Архангел — осамен наод од доцноантичко време;
- Асамати;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads