Прекоп (Асамати)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Прекоп — археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува населба од хеленистичко време. Се наоѓа на 2 км северно од селото и во правецот на селото Езерани, на самото езерско крајбрежје, каде на простор од 100 × 100 м по површината се гледаат остатоци од градби кои со едниот дел навлегуваат во водата на езерото. Објектите се откриени случајно, при опаѓањето на нивото на езерото. Најверојатно се работи за рибарски населби. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads