Митре Спасовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Митре Гелев Спасовски ( 1908 во Горно Коњаре 1944 во Шишево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Израснал во селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и повремено со чување на добиток. По смртта на својот татко бил принуден да слугува кај поимотните соселани. Го помагал подготвувањето на оружената борба против окупаторот. Во септември 1944 година, стапил во борбените редови на Треттата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите нејзини борби и секогаш се истакнувал со својата храброст и пожртвуваност. Кон крајот на октомври истата година, храбро загинал во борбата против балистите и Германците кај селото Шишево.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads