Горно Коњаре

село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Коњареmap
Remove ads

Горно Коњаре — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Низ средината на Коњаре протекува река која се влева во Кумановка. Селото е претежно рамничарско.

Историја

Пред доселување на Македонци и Срби селото било населено со Турци. По нивното иселување во Турција и купување на земјата од македонските семејства кои претежно живееа во планинските села почнаа да се населуваат во истото.

Џамијата која ја оставиле Турците била срушена од доселениците кои се православни христијани.

Стопанство

Населението е претежно вработени во претпријатијата во Куманово, а дел се занимава со земјоделство. Во селото постои млекара „Алпи Сан“, додека во фаза на изградба е и рибник.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Коњаре живееле 224 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Коњаре имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 300 Турци.[4]

Според пописот од 2002 во с. Горно Коњаре живеат 1.136 жители од кои 565 Македонци, 314 Срби и 255 Албанци. Населението е во нагорна линија кај сите заедници. Постојат и доселувања од планинските села од Козјачијата, кои немаат инфраструктура и водовод.

Во селото заедно живеат Македонци и Срби, додека македонските Албанци се на оддалеченост од околу 1 до 2 киломенри од овие 2 заедници.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.015 жители, од кои 506 Македонци, 200 Албанци, 221 Србин, 10 останати и 78 лица без податоци.[5]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Горно Коњаре е мешано село.

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Православни (македонски и српски)

Муслимански родови (албански)

  • Муратови (2 к.) доселени се од селото Масурица кај Врање во 1878 година; Исен (1 к.) и Шаип (1 к.) доселени се однекаде пред крајот на турското владеење; Трнавчани (1 к.) доселени се во 1930 година од селото Трнава кај Прешево; Албатски (3 к.) доселени се во 1960 година од селото Гари кај Прешево.[7]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Постојат две игралишта, едното за фудбал другото за кошарка и фудбал.

Иселеништво

Има околу 50 иселеници, кои претежно работат и живеат во Швајцарија и Германија.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads