Србољуб Спасовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Србољуб Спасовски
Remove ads

Србољуб Спасовски (Куманово, 1977 Маврово, 11 октомври 2001 ) — македонски бранител, полициски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Спасовски бил исто така репрезентативец на македонската карате репрезентација. Загинал на 11 октомври 2001 година во Маврово во несреќен случај.[1]

Кратки факти Србољуб Спасовски, Прекар: ...
Remove ads

Животопис

Живот, војната 2001 година и смрт

Србољуб Спасовски е роден во 1977 година во Кумановско, но израснал во Горно Коњаре од каде биле и неговите родители. Тој бил каратист, репрезентативец на Македонија. Србољуб од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил полициски резервист. Во октовмри 2001 година, тој бил во Маврово на обука каде што требал да полага приемни тестови за да добие вработување во МВР. Спасовски загинал во својата хотелска соба додека неговиот колега го чистел службениот пиштол. Неговиот другар при чистењето на пиштолот не го извадил шаржерот и не сакајќи испукал еден куршум. Куршумот смртно го погодил Спасовски во градите. Првичните информации на МВР беа дека станува збор за несреќен случај. Според непотврдени информации, дошло до пресметка меѓу самите припадници на интервентните полициски сили.[2] Загинува на 24 годишна возраст. Неофицијално, неговите родители и роднини се убедени дека не се работи за несреќен случај, туку дека Спасовски бил убиен. МВР ја демантираше оваа информација.[3] Погребан е на гробиштата во родното Горно Коњаре.

Србољуб Спасовски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads