Михаил Хонијат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Михаил Хонијат (или Акоминат; грчки: Μιχαὴλ Χωνιάτης or Ἀκομινάτος ; ок. 1140 – 1220) ― римски писател и свештеник, роден во Хоне (античкиот Колосе). На рана возраст учек во Константинопол и бил ученик на Евстатиј Солунски. Околу 1175 година бил назначен за архиепископ на Атина, функција која ја задржал до 1204 година.[1] Во 1204 година, тој го бранел Атинскиот акропол од нападот на Лав Сгурос, издржувајќи сè до доаѓањето на крстоносците во 1205 година, на кои им го предал градот.[2] По воспоставувањето на латинската контрола, тој се повлекол на островот Кеа. Околу 1217 година повторно се преселил во манастирот Водоница кај Термопили, каде што и умрел.

Иако на класичните научници им е познат како последниот поседувач на целосните верзии на Калимаховиот Хекале и Ајтија,[3] тој бил сестран писател и компонирал беседи, говори и песни, кои со неговата кореспонденција фрлаат значителна светлина врз состојбата на Атика и Атина во тоа време. Неговиот споменик на Алексиј III Ангел за злоупотребите на римската администрација, поетската жалост за дегенерацијата на Атина и монодиите на неговиот брат Никита и Евстатиј, архиепископот на Солун, заслужуваат посебно споменување.
Се верува дека неговата ќерка Константина ги подучувала, по грчки јазик и наука, Џон Бесингстоучки, Архиѓакон Лестерски, познат по неговото течно познавање и застапување на грчкиот јазик.[4] Ученикот на Михаил, Ѓорѓи Вардан, кој го придружувал за време на неговиот егзил на Кеа, станал истакнат епископ во следните години.[5]
Remove ads
Наводи
Дополнителна книжевност
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads