Мичак
село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мичак — село во Општина Карбинци, Штипско. Денес нема жители.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено на југозападната падина на планината Плачковица, надморска височина од 1.000 м.[3] Лежи во крајниот југоисточен дел на општината, на границата со Општина Радовиш. Самото село е сместено во една долина, а на север од него се издига возвишението Мичачки Рид[4]
Историја
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Мичак живееле 55 Турци.[5]
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[6]
Мичак било мало, традиционално турско село. Населението почнало да опаѓа во 1950-тите со иселувањето на Турците, за во 1961 г. да се сведе на 10 жители. Во 1960-тите е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Мичак немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads