Мињо (река)

река во Шпанија и Португалија From Wikipedia, the free encyclopedia

Мињо (река)map
Remove ads

Мињо (шпански и галисиски: Miño; португалски: Minho) — најдолгата река во Галисија, Шпанија, со вкупна должина од 340 км.

41°52′0″N 8°52′12″W
Кратки факти Земји, Град ...

Името доаѓа од латинскиот поим „Миниј“ (латински: Minius) со значење „цинобер“, т.е. „црвеникава“. Мињо е река од стопанско значење, бидејќи од неа се наводнуваат лозја, ниви и полиња, и се добива хидроенергија. Дел од течението ја исцртува шпанско-португалската граница.

Реката извира во местото Педрегал де Иримија,[1] околу 50 км северно од градот Луго во Галисија. Минува јужно од ѕидините на стариот римски град и тече низ клисури сè до долината, па станува поширока северно од Оуренсе. На потегот од Портомарин до Фриејра, на реката се изградени повеќе хидроакумулации: „Балезар“ (654 хм³), „Пеарес“ (182 хм³), „Велје“ (17 хм³), „Кастрело“ (60 хм³) и „Фриејра“ (44 хм³).

На 20 км северно од Оуренсе, во Мињо се влева нејзината главна притока, реката Сил. Кога ќе го мине Оуренсе, реката тече во југозападен правец сè додека не дојде до португалската граница кај Мелгасо. Кај местото Рибадавија е сместена последната акумулација „Фриејра“, чие винско подрачје е познато по виното „рибејро“.

Тука течението на реката ја образува границата помеѓу двете држави во должина од 80 км. Овој предел е долински, мошне плоден и максимално искористен во полјоделството. Се одгледуваат култури како пченка, компир, зелка, а покрај самата долина се простираат лозови насади на сорти од кои се произведува т.н. „Зелено вино“ (Vinho Verde).

Минувајќи ги средновековните градови Мелгасо и Монсао, Мињо го дели старите утврдени градови Туј во Шпанија од Валенса во Португалија — обата заштитени како културно-историско богатство. Кај Камиња, Мињо конечно се влева во Атлантскиот Океан.

Главни притоки на реката се Сил, Неира, Авија, Барбантињо, Бубал и Арноја.

Remove ads

Поврзано

  • Мињо на Ризницата ?
  • Валенса до Мињо
  • Список на реки во Португалија
  • Список на реки во Шпанија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads