Миџор

плаинна во Србија и Бугарија From Wikipedia, the free encyclopedia

Миџорmap
Remove ads

Миџор (српски: Миџор) или Миџур (бугарски: Миджур) — врв на Стара Планина, на границата помеѓу Бугарија и Србија. Со 2.169 м претставува највисок врв во потесна Србија и втор по висина ако се брои Косово.[б 1]

Кратки факти Миџор, Највисока точка ...
Remove ads

Во Бугарија

Во Бугарија врвот се нарекува Муџур.

Од почетокот на 1990-тите врвот е достапен за туристи од обете страни; претходно бил забранет како гранично место. Поради овие ограничувања, природата е доста зачувана. Од бугарска страна, до врвот се стасува преку селата Чупрене и Горни Лом во областа Видин.

Чупрене

Од Чупрене постојат два правца за искачување. Еден е земјен пат долж Чупренска Река до планинарскиот дом „Горски рај“ (1.450 м), долга 17 км, а другиот е планинарска патека долга 9 км која ја следи Манастирска Река.

Од планинарскиот дом води обележана патека која минува низ биосферен резерват[1] и води до главниот врв на седло меѓу врвовите Репљанска Црква (1.969 м) и Остра Чука (1.967 м). На југоисток низ врвовите Остра Чука и Оба (2.033 м) патеката доаѓа до седло од кое истекуваат реките Лом и Трговишки Тимок на граничниот камен 336. Одовде врвот се искачува по северозападната падина.

Горни Лом

На 7 км од селото Горни Лом се наоѓа планинарскиот дом „Горни Лом“ (840 м). Има и друг дом спротиводно, наречен „Миџур“. Оттаму има стрмни патеки кои водат до седлото помеѓу Оба и Миџор кај граничниот камен 336 од каде излегуваат патеките за двете села.

Стопанство

Изворот на реката Лом се наоѓа во подножјето на врвот. Тука има каскади на неколку мали хидроцентрали.[2] Биосферниот резерват „Чупрене“, заштитен од УНЕСКО, е расположен западно од врвот. Ова е едно од последните места во Бугарија кајшто се гнезди тетребот.

Remove ads

Бо Србија

Во Србија врвот се нарекува Миџор.

Крајниот врв на западната планина е северно од селото Топли Дол, сместен во средиштето на српскиот дел на Стара Планина, помеѓу Три Чуке (1.936 м) на југоисточната страна и Бабин Зуб (1.758 м) на југозападната. Масивот на Миџор е значителен. Неговите западни, источни и јужни падини се тревнати и не се многу стрмни; северната е карпеста и многу стрмна. Оваа страна се смета за најпривлечна и ужива популарност меѓу искачувачите на карпи.

На една од падините е сместен хотелот „Бабин зуб“. Пристапот до српскиот дел на Стара Планина е слободен, без наплати и дозволи.[3]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Белешки

  1. Највисок врв во Србија официјално е Рудока (2.658 м) на Шара, доколку се Косово се брои во Србија.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads