Мозелфранконски дијалекти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мозелфранконските дијалекти е група западни средногермански дијалекти, дел од среднофранконската јазична област.

Наречјето е присутно во јужниот дел на Рајнската област и покрај реката Мозел, од областа Зигерланд во Северна Рајна-Вестфалија, ширум Рајнската област-Пфалц и Сар, јужниот дел на германската заедница во Белгија па сè до соседниот француски депарман Мозел и трансилваниската област на Романија, пред сè заради големите преселби на т.н. „трансилваниски Саксонци“ помеѓу 1100 и 1300 г., главно од подрачјата кајшто тогаш се говорел мозелфранконскиот говор.
Remove ads
Јазици
Некои го сметаат луксембуршкиот јазик за вид на мозелфранконски дијалект, додека пак други принаваат само дека луксембуршкиот образува дијалектен континуум со мозелфранконските дијалекти што се говорат на германската страна од границата. Франконските дијалекти во француска Лорена обично се нарекуваат лоренски франконски дијалекти. трансилванискиот саксонски што се говори во Романија денес е загрозен јазик.
Remove ads
Поврзано
- Рајнскофранконски дијалекти — сродно соседно наречје
Литература
- Werner König: dtv-Atlas Deutsche Sprache. dtv-Verlag, München (Munich) 2005; ISBN 3-423-03025-9
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads