Горногермански јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горногермански јазици или горногермански наречја[1] (германски: hochdeutsche Mundarten) — група наречја на германскиот јазик кои се говорат јужно од Бенратската и Ирдингенската изоглоса во средна и јужна Германија, Австрија, Лихтенштајн, Швајцарија, Луксембург и источна Белгија, како и соседните делови од Франција (Елзас и северна Лотарингија), Италија (Јужен Тирол), Чешка (Бохемија) и Полска (Горна Шлеска). Застапени се и во дијаспората во Романија, Русија, САД, Бразил, Аргентина, Мексико, Чиле и Намибија.
Групата ја одликува горногерманското поместување на согласките, што ја дели од долногерманската (долносаксонска) и долнофранконската (вклучувајќи го холандскиот) во склоп на континенталниот западногермански дијалектен континуум.
Remove ads
Класификација

Средногермански дијалекти
Горногермански дијалекти
Како стручен поим, „горно-“ потекнува од наречјата во попланинските делови на Германија, од кои произлегле литературниот (стандарден) германски, јидиш и луксембуршкиот. Се однесува на Германското Средногорје и алпските подрачја на средна и јужна Германија; тука влегуваат и Луксембург, Австрија, Лихтенштајн и најголемиот дел од Швајцарија. Наспроти ова имаме долногермански говори, кои се зборуваат во низинските краишта и долж рамните крајбрежја на Северногерманската Низина.
Горногерманските јазици во оваа поширока смисла можат да се поделат на горногермански дијалекти (Oberdeutsch, каде спаѓаат австриските и швајцарските дијалекти), средногерманските (каде влегува луксембуршкиот, кој самиот денес е литературен) и горнофранконскиот, кој е преоден.[2]
Се разликуваат од другите западногермански јазици по тоа што има го имаат претрпено горногерманското поместување на согласките oколу 500 г. Еве споредба:[3]
Кај најјужните горноалемански дијалекти се случило уште поголемо поместување; Sack се изговара [z̥ak͡x] (од [k] во [k͡x]).
Remove ads
Историја
Старогорногерманскиот настанал околу 500 г. Околу 1200 г. швапските и источнофранконските дијалекти на средногорногерманскиот се наметнале како дворски и поетски јазици под власта на дијастијата Хоенштауфен.
Поимот „горногермански“ во средна и јужна Германија (Горна Саксонија, Франконија, Швабија, Баварија) и Австрија првпат е засведочен во XV век. Постепено истиснувајќи ги долногерманските наречја почнувајќи од раниот нов век, раноновогорногермански наречја, особено источносредногерманските на Лутеровата Библија ги удриле темелите за создавањето на литературниот германски.[4]
Remove ads
Семејство
Поделбата на потсемејства и групи на германските говори не е јасно определена, бидејќи највеќето се прелеваат еден во друг, при што соседните се меѓусебно разбирливи, а одделените не се. Покрај ова, никогаш не постоел „прагорногермански јазик“. Од овие и други причини, замислата да се претстават западногерманските јазични облици во дрво е доста спорна меѓу јазичарите. Следнава класификација треба да ја има предвид таа поставеност на нештата.
- средногермански дијалекти
- источносредногермански, вкл. литературниот германски[5]
- тириншки
- горносаксонски, вкл. рудноплаински
- јужномарковски
- лужички
- шлески (денес застапен меѓу германското малцинство во Горна Шлеска, Полска)
- горнопруски (речиси изумрен)
- западносредногермански дијалекти
- среднофранконски
- рипуарски
- мозелофранконски дијалекти, вкл. лумсекбуршкиот
- риограндски хунсрички (од хунсричкиот дијалект)
- рајнскофранконски
- среднофранконски
- источносредногермански, вкл. литературниот германски[5]
- горнофранконски, во преодното подрачје помеѓу средногерманскиот и горногерманскиот
- источнофранконски
- јужнофранконски
- горногермански дијалекти (Oberdeutsch)
- алемански во поширока смисла или западногорногермански, вклучувајќи ги швајцарските дијалекти
- швапски
- долноалемански, including алзашкиот/елзаски и базелскиот
- горноалемански
- највисокоалемански
- баварски or источногорногермански (Ostoberdeutsch), вкл. австриските дијалекти
- алемански во поширока смисла или западногорногермански, вклучувајќи ги швајцарските дијалекти
- јидиш — се развил од средногорногерманскиот
- лангобардски — изумрен, спорна категоризација
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads