Мокеле-мбембе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мокеле-Мбембе (англиски: Mokèlé-mbèmbé) наводно е криптид од езерото Теле во Република Конго, кое се појавува во митологијата на африканските племиња. Оваа суштество по изглед е слично со криптидите Амалиjи и Нсанга.


Remove ads
Потекло и значење на називот
Име на оваа суштество доаѓа од Лингала јазикот што во превод значи "оној кој го запира текот на реката".
Опис на криптидот
Се опишува како голем влекач којшто наликува на диносауруси од групата Сауроподи.[1] Оваа суштество е водоземен билкојадец кој се населува во мочуришни подрачја.
Хронологија на средби со ова суштество и видувања
Бројни експедицији се спроведени во Африка во потрага по Мокеле-Мбембеом. Иако во неколку експедицији е наведено дека истражувачи имале блиски средби со оваа суштество, никој не бил во состојба да обезбеди неоспорливи докази дека оваа суштество постои.[2][3]
- Во 1776 година Мокеле-Мбембе првпат се споменува во записите, под свое име, од страна на францускиот мисионер Абе Лијевен Бонавентир во книгата "Историја на Лоанго, Каконга и други кралевстава во Африка" ("History of Loango, Kakonga, and Other Kingdoms in Africa"). Тој напишал дека видел огромни траги на стапала од непознато, многу големо суштество [4] за кое локалните домородци тврделе дека се работи за Мокеле-Мбембеу;
- Во 1909 година Паул Граз изјавил дека видел суштество кое го опишал како диносаурус од групата Сауроподи. Таа година и Џо Менгес рекол дека видел суштество слично на бронтосаурус[5]. Исто така истата година Мокеле-Мбембе се споменува во автобиографската книга "Ѕверови и луѓе" ("Beasts and Men") на славниот ловец на голем дивеч Карло Хагенбек. Тој наведува дека слушнал звуци на необично суштество за кое се наведува дека се опишува како "полу слон - полу змеј";
- Од 1913 година долаѓа уште еден извештај од списите на германскиот капетан Лудвиг Фрајхер вон Штајн зу Лаусник. Тој слушнал приказни за огромен влекач за кој се тврди дека живеат во џунглата, и во својот званичен извештај вклучил опис на овој ѕвер;
- Последно видување се случило во 2012 година[6].
Поврзано
- Живи диносауруси
- Езерски чудовишта
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

