Орах

село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia

Орахmap
Remove ads

Орах (или Сув Орах) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Се наоѓа на јужните падините на планината Козјак, во центарот на Средоречкиот регион.

Орах од градот Куманово оддалечен околу 20 км северо источно, поред селото проаѓа магистралниот пат Куманово - Ќустендил. Надморска висина на селото е од 550 до 617 метри, атарот на селото Орах е деломично рамничарски и брдски со ридови кој иммаат и до преко 900 метри (Овчаров гроб 940 метри, Непци 838, Велја страна 811).

Селото граничи со атарите на селата; Облавце, Бељаковце, Канарево, Аљинце, Цвиланце и Димонце.

Remove ads

Историја

Првите пишани податоци за Орах се споменуваат во 1519 година за Турско време кога се село Орах спомнува како населба во состав на Нагоричка нахија со 39 домаќинства и то сите христијански, и ниедно муслиманско'.[2] Во наследниот пописот на домаќинства извршен во 1573 година, биле регистрирани 79 домаќинства (сите христијански и едно муслиманско).

На крајот од XIX век селото Орах се спомнува како христијанска населба во Кумановска каза од 760 жители[3]

Во време на Првата светска војна и бугарска окупација село Орах станало општина, со 615 жители.[4].

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[5]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според пописот од 2002 година, во селото Орах имало 113 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 80 жители, од кои 69 Македонци, 1 Албанец и 10 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Орах е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:

Суљевци (35 к.), Каменитица (30 к.), Рашанци (10 к.), Суводолци (23 к.) и Долномалци (25 к.) сите родови во селото се староседелски. Само населението многу одамна, направиле промена на положбата на селото, во еден од родовите се знае следното родословие: Коле (жив на 65 г. во 1971 година) Денко-Стевко-Стојан-Јован, кој дошол во денешното село од старото.[12]

Културни и природни знаменитости

Thumb
Селската црква „Св. Никола и Св. Ѓорѓи“.

Верски објекти

Најзначајниот споменик во атарот на селото e Карпинскиот манастир со своја манастирска црква изградена во XVI-XVII век посветена на Воведението Богородичино.

Друг значаен споменик е селската црква „Св. Никола и Св. Ѓорѓи“ (вториот е заштитник на селото) од XV – XVII век.

Ликовна колонија Карпино

Ликовната колонија Карпино се организира секоја година во месец август во манастир Карпино[13]. Првата колонија од овој вид била организирана во 2002 година, на 8 одржани колонии твореле уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска и Романија.

Уметкичките дела, слики и скулптури, се прикажуваат секоа година на соодветна изложба во кумановски Центар за Култура Трајко Прокопиев.

Археолошки наоѓалишта

  • Аниште — средновековна населба;
  • Градиште — градиште од римското време;
  • Грамади — населба од доцноантичкото време;
  • Дрезга — населба од неолитското време;
  • Рајници — населба од доцноантичкото време;
  • Стубол — населба од раноантичкото и хеленистичкото време;
Remove ads

Иселеништво

Постари иселеници имало во Горна Пчиња (во Србија). Шурдинци се иселиле во селото Барбарце. А Суљинци и Орашинци се иселиле во селото Злодовце.

Други постари иселеници има во Руѓинце (Анѓеловци), Макреш (Карталци), Долно Коњаре (Илија и Мара). Јурумлери кај Скопје (Петковски).

Од крајот на Втората светска војна иселеништво имало во поблиските градови во Македонија, како и во Србија, воглавно во Белград.[12]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads