Малачки Проток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Малачки Проток (малајски: Selat Melaka, индонезиски: Selat Malaka) — тесна водна површина долга 805 км која се протега Малајскиот Полуостров и индонезискиот остров Суматра. Наречен е по Малачкиот Султанат кој заповедал со архипелагот од 1414 до 1511 г.
Remove ads
Граници
Според Меѓународната хидрографска организација границите на Малачкиот Проток се следниве:[1]
На запад. Линија од Педропунт (најсеверната точка на Суматра, 5.66°N 95.43°E) и Лем Воалан (јужниот крај на островот Пукет во Сијам [Тајланд], 7.75°N 98.3°E).
На исток. Линија од ’ртот Танџинг Пиај (Булус) (јужниот крај на Малајскиот Полуостров, 1.26°N 103.51°E) и Браќата (1.19°N 103.35°E), а оттаму до Клајн Каримун (1.16°N 103.39°E).
На север. Југозападниот брег на Малајскиот Полуостров.
На југ. Североисточниот брег на Суматра на исток сè до Танџонг Кедабу (1.1°N 102.96°E), а оттаму до Клајн Каримун.
Remove ads
Стопанска важност
Од стопанска и стратешка гледна точка, Малачкиот Проток претставува еден од најважните водни патишта во светот.
Протокот е главен премин за бродскиот сообраќај помеѓу Индискиот и Тихиот Океан, поврзувајќи ги најголемите стопанства во Азија како Индија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Годишно низ протокот поминуваат по 94.000[2] бродови,[3] и превезуваат една четвртина од трговската стока во светот како нафта, кинески производи и индонезиско кафе.[4]
Нив Малачкиот Проток минува и една четвртина од нафтените танкери во светот, главно од земјите во Персискиот Залив кон големите азиски пазари како Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Во 2006 низ теснецот се превезувале 15 милиони барели дневно (2.400.000 м3/ден).[5]
Најголемите бродови што можат да поминат низ протокот се нарекуваат „малакамакс“. Протокот е длабок само 25 м, па затоа најголемите бродови (претежно нафтени танкери) не можат да поминуваат низ него. Бродовите што се поголеми од ова мораат да одат преку Ломбочкиот и Макасарскиот Проток, преминот Сибуту и Миндорскиот Проток.
Во Филипсовиот Канал во подрачјето јужно од Сингапур, Малачкиот Проток се стеснува до 2,8 км (1,5 морски милји), што претставува едно од најзначајните геостратешки тесни грла на светот.[6]
Remove ads
Поврзано
- Малака (град)
- Малачки Султанат
- Молучко Море
- Молучки Острови
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads