Монголски писма
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Повеќе монголски системи на пишување биле користени во текот на развојот на јазикот. Бројот на писма поврзани со монголскиот јазик одговара со други неколку јазици. Најстариот бил и најуспешниот систем на пишување што се користи и денес. Други писма биле создадени за одредени потреби во одерени времиња. Во 20 век Монголија ја одбрала кирилицата за своја азбука поради блискоста со Советскиот Сојуз а и поради поедноставниот начин на пишување со кирилицата.
Remove ads
Хитанско писмо
Монголско писмо
Класичната вертикална монголска азбука (Монгол бичиг) било едно од многуте системи на пишување создадени за монголски јазик и највеќе користена азбука сѐ до воведувањето на кириличната монголска азбука во 1946. Традиционалното писмо со малимодификации се користи денес во Внатрешна Монголија во Народна Република Кина. Истото писмо се користи и во евенкискиот јазик.
Remove ads
Јасно писмо
Јасното писмо (монголски: Тодо бичиг) било создадено во 1648 од будистичкиот монарх Заја-пандита Намхајџимко за пишување на монголски јазик. Било развиено врз основа на традиционалното монголско писмо и било создадено сѐ со цел да се прилагоди пишувањето според изговорот на јазикот. Исто така, со ова писмо полесно било преведувањето и транскрипцијата од тибетски јазик и санскритски јазик во монголски јазик.
Вагинтара писмо
Друга варијанта била создадена во 1905 година од бурјатскиот монах Агван Доржиев. Со тоа писмо се претендирало да се зацврсти влијанието на рускиот јазик за разлика од монголскиот јазик врз самото писмо. Најзначајна промена било замената на формите на буквите. Сите знаци биле засновани на средновековното монголско писмо. По неколку години, Агван Дорџиев останал без финансиски средства за промовирање на писмото па така останале само неколку книги испечатени со ова писмо.
Remove ads
Пагспа писмо
Пагспа писмото или ново монголско писмо било абугида дизајнирано од тибетскиот Лама Дрогон Чогјал Пагпа за монголскиот император Кублај Хан за време на династијата Јуан во Кина.
Сојомбо писмо
Сојомбо писмото (Соёмбо бичиг) е писмо развиено од монголските монаси и научникот Богдо Занабазар во 1686 година за пишување на монголски јазик. Истото писмо се користи за пишување и на тибетски јазик и санскритски јазик. Специјален знак од писмото, наречено сојомбо стана национален симбол на Монголија и е дел од знамето на Монголија од 1921 година и на грбот на Монголија од 1992 година.
Remove ads
Хоризонтално квадратесто писмо
Монголско латинично писмо
Монголското латинично писмо било официјално прифатено на 1 февруари 1941, но по два месеца писмото се повлекло од употреба на 25 март 1941. Според официјалните изјави, писмото се повлекло бидејќи не било познато на населението и не било учено добро. Исто така во изјавите се тврдело дека не ги опфаќа сите звуци на монголскиот јазик и било тешко за користење. Веднаш после овој предлог се прифатила кирилицата како национална азбука.
Remove ads
Монголска азбука

Денешната кирилична азбука што се користи во монголскиот јазик е изменета кирилична азбука. Азбуката е фонетска и е слична со руската. Разликата помеѓу овие две азбуки е во две букви: Өө /ö/ и Үү /ü/
Поврзано
Надворешни врски
- The Silver Horde: монголски писма
- Монголскиот јазик и писмо
- Inkway Архивирано на 18 април 2008 г. Монголска калиграфија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads