Моравскошлески крај
крај во Чешка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Моравскошлески крај (чешки: Moravskoslezský kraj) — крај во Чешка, сместен во североисточниот дел на историската област Моравија и на поголемиот дел од Шлеска. Регионот се граничи со Оломоучкиот крај (на запад) и Злинскиот крај (на југ). На север се граничи со Полска, а на исток со Словачка.
Во минатото како високоиндустриски регион бил нарекуван „Челичното срце на земјата“. Но по падот на социјализмот челичаните се распаѓаат и регионот страда од висока невработеност, но поради блискоста на природните убавини и двете соседни земји од ЕУ, стопанството полека се опоравува.
Remove ads
Население
Во 2002, вкупниот број на населението изнесувал 1.262.660 (мажи 48,83%, жени 51,20%) што го прави најнаселен регион во Чешка. 86,9% од населението се Чеси, 3,3% Словаци, 3,0% Полјаци, 2,3% се опрделувале како Моравци и 0,8% како Шлези. Ито така 0,3% се изјасниле како Германци и 0,2% како Роми. 40,2% е римокатоличко, додека 52,3% се атеисти.
Административна поделба
Моравскошлескиот крај има 302 општини, од кои 39 се градови, 16 се со население поголемо од 10.000 жители и 5 со население поголемо од 60.000. Тука спаѓаат административниот центар Острава (314.102 жители во 2002), Хавиржов (85.271), Карвина (61.146), Опава (60.731) и Фридек-Мистек (60.603).
Надворешни врски

Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads