Морж
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Морж (лат.:Odobenus rosmarus) е големо животнo чии нозе се преобразени во перки што може да ги свитка кон напред.
Remove ads
Облик на телото
Има кратка муцка со кратки и дебели влакна како мустаќи. На горната вилица има два рамни големи заба — бивни, што, освен мажјаците, ги имаат и постарите женки. Телото му е покриено со гола жолтокафеава набрана дебела кожа. Под неа има дебел слој сало што го штити од губење на телесната топлина. Поголемите мажјаци се долги до 4,5 метри и тешки до 1 тон. Неговата кожа е поинаква од кожата на сите други цицачи, со длабоки набори и брчки, а со многу малку влакна. Може да е различен по бојата на кожата: младите моржови може да имаат темна боја, а возрасните понекогаш имаат шари во розова боја.
Remove ads
Распостранетост
Живее на крајбрежјето на Северноледениот Океан во Скандинавија, Исланд, Гренланд и Сибир и понекогаш се сели доста далеку од тие области.
Храна
Се храни со школки, ракови и риби.
Окотување
Секоја трета година окотува по едно младенче, што по 2 години станува самостојно.
Ловење
Го ловат заради бивните, маста и кожата. Тоа e често животно во поларните области.
Моржот како тема во уметноста и во популарната култура
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads