Мормерланд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мормерланд (германски: Moormerland) — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Remove ads
Географија
Местоположба
Мормерланд се наоѓа во северозападниот дел на округот Лер на реката Емс. Општината се наоѓа во градскиот триаголник Емден-Аурих-Лер, граничејќи се непосредно со двата града, Емден и Лер.
Општината зафаќа површина од 122 квадратни километри, што ја прави втора најголема во округот Лер (зад Упленген) и деветта најголема во областа Источна Фризија.
Соседни општини
На северозапад се граничи општината Мормерланд со безокружниот град Емден, на север со округот Аурих и нејзините општини Илов и Гросефен. На исток се граничи со членките на општинската заедница Хезел: Нојкамперфен, Хезел и на еден мал дел со Холтланд. На југ се наоѓа окружниот град Лер. Општината Јемгум се наоѓа спроти Емс во областа Рајдерланд.
Општински единици
Општината Мормерланд се состои од единаесет единици.[2]
Remove ads
Галерија
- Селската црква во Тергаст
- Канал во Јерингсфен
- Општинското собрание
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads