Јемгум
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јемгум (германски: Jemgum) — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Remove ads
Географија
Местоположба
Општината се наоѓа во источнофризиската област Рајдерланд, која е опкружена од Доларт на запад и од Емс на север и исток. Јемгум е најсеверната област на Рајдерланд. Најблиски градови се Венер, Лер и Емден. Главното место Јемгум е оддалечено 6 километри југоисточно од средиштето на Лер[2] и 16 километри од средиштето на Емден на северозапад.[3] Големи градови во околината се Олденбург во Германија и Гронинген во Холандија.
Растојанието на општината во насока север-југ, како и во насока исток-запад изнесува осум километри.
Соседни општини
На југ се граничи со општините Бунде и Венер, како и со градот Лер, додека на исток се наоѓа општината Мормерланд и градот Лер, на север е безокружниот град Емден.
Општински единици
Општината се состои од единаесет села, кои се разликуваат во нивната големина.
Јемгум се состои од следниве единици, подредени по бројот на жители (од 30 јуни 2015 г.), како и нивните составни места:
Remove ads
Историја
Во Јемгум се одвивала битката кај Јеминген на 21 јули 1568 година, ран момент во Осумдесетгодишната војна, во која шпанската војска била поразена од холандската војска.
Галерија
- Селската црква во Холтгасте
- Поглед во Дицум
- Општинското собрание
- Селската црква во Јемгум
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads