Моро (залив)
залив во Филипините From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Моро — најголемиот залив на Филипините. Сместен е на островот Минданао и претставува дел од Целебеското Море. Има значајна улога во стопанскиот риболов, особено на туна.[1]
Remove ads
Географија
Заливот се протега помеѓу главниот дел на островот Минданао на исток и полуостровот Самбоанга на запад.[2]
Позначајни второстепени заливи во Моро се Сибугејскиот и Илјанскиот Залив.
Градот Самбоанга лежи на заливот и Целебеското Море на исток и има значајно меѓународно пристаниште.[3] Друго важно пристаниште е градот Котабато на источниот брег.
Земјотреси
Заливот Моро е трусно подрачје со неколку раседни појаси кои предизвикуваат значајни земјотреси и цунами.
Поврзано
- Целебеско Море
- Самбоанга
- Минданао
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads