Моруна

видови риби From Wikipedia, the free encyclopedia

Моруна
Remove ads

{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Huso|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}

Кратки факти Моруна, Заштитен статус ...

Моруна (латински: Huso huso) — слатководна риба која, според традиционалната систематика, спаѓа во инфракласата на 'рскавичнокоскени риби ( лат. ) и семејството.

Remove ads

Опис

Thumb
Споредба на возрасна (горе) и млада (долу) Huso huso.

Како и сите рскавични риби, имаат рскавичен скелет, но нивното тело е покриено со пет реда коскени плочки. Посебно е заштитен горниот дел на черепот. Овие коски на телото се од кожно потекло. Затоа нивните лушпи (инаку ганоидни) се намалени, освен во пределот на опашката. Нивното тело е вретенесто, но сепак е понабиено во споредба со есетрата и кечигата и не е толку изразено петстрано. Перката на опашката е хетероцерозна (асиметрична). Главата е остро извлечена нанапред (но не толку како кај другите рскавични риби), така што устата е на долната страна на главата и во неа нема заби. Под устата има израстоци во вид на мустаќи, кои поради слабо развиеното сетило за вид се главните сетилни органи кои им помагаат да бараат храна, главно риби, поретко школки и други мекотели, како и ракови. Таа е голема грабливка и постои податок дека изела младенче на фока. Во желудникот на моруната биле пронајдени поголеми риби, па дури и птици. Моруната е најголемата слатководна риба (а со тоа и најголемата рскавична риба). Постојат податоци за уловени моруни кои тежеле 1.400-1.500 и биле долги 9 метри. Може да живее повеќе од 100 години.

Remove ads

Живеалиште и распространетост

Моруната ги населува водите на Каспиското Езеро, Црното Море и Азовското Море. Го има и во источниот дел на Средоземното Море и неговите басени. В море, се оддалечува од устието повеќе од есетрата.

До изградбата на браната Ѓердап стигнувала до Србија во горниот тек на Дунав. Денес тоа е невозможно и може да се најде во долниот тек под Ѓердапската Клисура. Поради изградбата на браната, мелиорацијата и загадувањето на водата таа риба денес е загрозена, па се пристапува кон вештачко одгледување и порибување.

Remove ads

Размножување

Thumb
Моруна тешка 1000 kg, долга 4,17 m од реката Волга (Национален музеј на Татарстан, Казан, Русија)

Живее претежно на дното на морето, но за време на размножувањето мигрира во слатки води (анадромни видови). Мрестењето се одвива од пролет до есен. Патот од морето до слатките води често е многу долг и се движи од неколку стотици до илјада километри. Оваа појава укажува дека реките се примарното живеалиште на овие риби, од каде подоцна навлегле во морињата. Женките полагаат милиони сивкавоцрни јајца кои се лепат за камења на местото на мрестење, каде што и се оплодуваат (надворешно оплодување). По излегувањето од јајцата, младите единки мигрираат низводно кон морето.

Значење

Месото од моруна е многу вкусно. Од неговата икра се прави кавијар. Од икрата се прави и познатиот астрахански кавијар. Од оваа риба се користи и рибниот меур за правење лепило. Не може да се одгледува во слатководни рибници, бидејќи дел од својот живот го поминува во морето.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads