Градишор (Милетково)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градишор - Мрамор — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Милетково. Претставува населба и некропола од раноантичкото и римското време.
Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.
Remove ads
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 1,5 километри јужно од селото Милетково, на десниот брег на Вардар, спроти наоѓалиштето Исар во Марвинци
Историја
Било прогласено за културно наследство на Македонија со решение од 31 декември 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.[1]
Опис
Во нивите на П. и Н. Митреви, што се наоѓаат на големо зарамнето флувијално плато со површина од околу 2,5 хектари, се гледаат темели од објекти, а по површината има множество фрагменти од керамички садови, питоси, имбрекси и градежен материјал. Во профилот пресечен со изградбата на железничката пруга Скопје-Гевгелија се гледаат гробни конструкции градени од камени плочи од типот на циста.[2]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads