Марвинци
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марвинци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Бојмија, во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, од левата страна на реката Вардар, а нејзиниот атар се допира со подрачјето на Општина Гевгелија.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 114 метри.[2]
Низ селото поминува регионалниот пат 1401, кој ја поврзува Струмица со селото.
Историја

Подрачјето на Марвинци е населено уште од античкиот период, за што сведочат остатоците од населба на населбата и тврдината Исар, кое се наоѓа над селото.[3]
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година. Епицентарот на земјотресот бил во самото село.[4]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа површина од 7,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 311 хектари, на шумите отпаѓаат 227 хектари, а на пасиштата 137 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 18 домаќинства со 64 жители христијани.[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Марвинци имало 160 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Марвинци имало 240 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Марвинци е средно село по големина со пораст на бројот на населението. Така, селото во 1961 година имало 379 жители, а во 1994 година 519 жители, од кои 275 биле Македонци и 244 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Марвинци имало 504 жители, од кои 224 Македонци и 280 Срби.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 437 жители, од кои 196 Македонци, 2 Албанци, 1 Турчин, 215 Срби, 1 Бошњак, 1 останат и 21 лице без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Мито Симеонов“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Јосифово[15]
Самоуправа и политика
Во XIX век, Марвинци било македонско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Марвинци се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Пирава, Раброво и Честово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0294 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 380 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[3]
- Исар — населба и некропола;
- Сред Село — некропола од хеленистичко време;
- Ќурќиевица — некропола од железно време; и
- Црква — осамен наод од римско време.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква изградена во XIX век
- Споменици
- Споменик на народниот борец Мито Симеонов, сместен пред основното училиште
- Воздушен поглед на Исарот
- Споменик на Мито Симеонов кај училиштето
- Главната селска црква „Св. Петка“
Remove ads
Галерија
- Овци над селото
- Дел од селото
- Дел од селото, а во позадина планината Кожуф
- Стариот објект на основното училиште
- Влезот
- Дел од селото
- Дел од селото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads