Мрзенци

село во Општина Гевгелија From Wikipedia, the free encyclopedia

Мрзенциmap
Remove ads

Мрзенци — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото доаѓа од луѓето што го населиле, а кои дошле таму од мрзен дол, каде што било ладно и мрзнело.[се бара извор]

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Гевгелија, недалеку од градот Гевгелија, поради што припаѓа на неговата рурбална зона.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 50 метри и е едно од најниските места во целата Република.[2]

Атарот е мал и зафаќа површина од 6,8 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 320 хектари, на пасиштата отпаѓаат 145 хектари, а на шумите отпаѓаат малку помалку од нив.[2]

Remove ads

Историја

Thumb
Поглед на Мрзенци во 1931 г.

Подрачјето на Мрзенци е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Манастир (Над Селото) на западниот крај на селото.[3]

Во XIX век, Мрзенци било село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Селото во основа има полјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мрзенци имало 680 жители, од кои 280 Македонци и 400 Турци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мрзенци имало 312 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]

Мрзенци е средно по големина село, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото имало 360 жители, а во 1994 година 480 жители, од кои 469 биле Македонци, 4 Срби и 7 останати.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мрзенци имало 461 жител, од кои 458 Македонци, 1 Србин, 1 Влав и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 525 жители, од кои 502 Македонци, 1 Албанец, 5 Срби, 1 останат и 16 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната градска општина Гевгелија, во која влегувале градот Гевгелија и селото Мрзенци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Мрзенци се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин, Мрзенци и Ума.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 352 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 398 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[16]
Археолошки наоѓалишта
Реки[17]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads