Мушанци

историско село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia

Мушанциmap
Remove ads

Мушанци — историско неготинско село во Повардарието, централна Македонија, денес во Општина Градско.

Кратки факти
Remove ads

Географија

Мушанци се наоѓало на левиот брег на реката Вардар, спроти селото Градско на исток од него. Денес местото му припаѓа на атарот на с. Џидимирци (чиј атар е делумно во Општина Градско, но претежно во Општина Неготино).

Историја

Во XIX век Мушанци било село во Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мушанци имало 400 жители, сите Македонци-муслимани.[2][3]

По Првата светска војна муслиманите се иселиле, а во селото се доселени српски колонисти, кои со свои средства откупуваат земја од атарот.[4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува селото (Mužanci) како турско село,[5] што несомнено е постаро сознание за потурченоста на неговите претходни жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[6]

Родови

Мушанци било турско село

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Доселеници: Коџаммалардан (14 к.), Халваџилар (4 к.), Бајракталар (4 к.), Сејдилар (3 к.), Хоџалардан (1 к.), Абушлардан (6 к.), Ќерим-Османлар (4 к.), Мала-Хамилер (4 к.), Мемет-Еминлер (3 к.), Дели-Меметлерден (1 к.), Фератлар (1 к.), Кадирлардан (17 к.), Кома-Аџилардан (2 к.), Маќаилерден (2 к.), Ајдинлардан (4 к.), Кара-Османлар (1 к.), Ибчелерден (1 к.), Вејселерден (1 к.) и Османбашалар (5 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Јашарлар (1 к.) доселени биле околу 1860 година од селото Кара Синанли; Демировци (1 к.) доселени биле во 1920 година од селото Водоврати, македонски муслимани; Јашарлар (1 к.) доселени биле во 1920 година од селото Орта Караслар; Велијовци (1 к.) доселени биле во 1921 година од Кавадарци, македонски муслимани.[7]
Remove ads

Иселеништво

Селото е раселено, а иселеници највеќе има во Турција.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads