Мшчонув
град во Мазовското Војводство, Полска From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мшчонув (полски: Mszczonów; јидиш: אַמשינאָוו, Амшинов) — град во Мазовското Војводство, во средишниот дел на Полска. Има 6.409 жители (2016)[1] и е административен центар на истоимената градско-селска општина.
Remove ads
Географија
Градот се наоѓа во историската област Мазовија. Сместен е покрај реката Окшеша на 50 км југозападно од главниот град Варшава.
Историја
Мшчонув првпат се споменува во 1245 година (во документ на кнезот Конрад I Мазовецки). По археолошки ископувања на стари гробишта од XII век во градот се оформува мислење дека населбата е постара повеќе од еден век од споменатата година. Мшчонув добил градски права во 1377 година од кнезот Шемовит III Мазовецки.
Градот има еврејска заедница и некогаш бил центар на хасидската династија Амшинов (затоа Мшчонув на јидиш се нарекува Амшинов).
Remove ads
Збратимени градови
Мшчонув е збратимен со следниве градови:
Кочани, Македонија
Галерија
- Општината
- Обиколниот пат
- Обиколниот пат
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads