Награда „Мајка Тереза“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Мајка Тереза — државна награда на Македонија, која се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. Во една година можат да се доделат најмногу до две награди. Се доделува на 26 август - денот на раѓањето на Мајка Тереза.[1]

Ова е статија за државна награда. За истоимената личност видете Мајка Тереза

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. Наградата првпат била доделена во 2006 година.[2]

Remove ads

Добитници

  • 2006 - Коте Тасевски - стоматолог примариус; - Христо Крстевски - писател; Ремзи Бала - дефектолог; и Стојан Тренчевски - новинар.
  • 2008 - д-р Љупчо Ајдински - дефектолог и хуманист; и Антон Серечи - новинар и публицист;
  • 2009 - Томе Серафимовски - вајар и Ресул Шабани - писател;
  • 2010 - Халил Зендели - писател; и м-р Олга Јотовска - доктор специјалист педијатар;[3]
  • 2011 - Сами Нуредини - жител на Крушопек, спасувач на повеќе лица од сигурна смрт; и Здружение за цистична фиброза;[4]
  • 2012 - Хуманитарно здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ и УК Детски театарски центар;[5]
  • 2013 - Живко Поповски - Цветин - сликар, хуманист и новинар; и Живко Мукаетов - генерален директор и претседател на управниот одбор на „Алкалоид;[6]
  • 2014 - Поликсена Илиоска - одделенски наставник и педагог;[7]
  • 2015 - Сузана Тунева – Пауновска- секретар на Црвениот крст на град Скопје и Доц. д-р Буниамин Мемеди [8]
  • 2016 - прим. д-р Димитар Котевски - доктор специјалист офталмолог [9]
  • 2017 - Миливоје Јанковски и доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски[10]
  • 2018 - Ленче Здравкин - хуманитарка и Омер Калеши - ликовен уметник[11]
  • 2019 - не е доделена.[12]
  • 2020 - не е доделена.[13]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads